| четврток, 6 декември 2018 |

Апсења во Милан: Шурата на Галијани крадел дресови

adrijano-galijani-milan-dresovi

Мустафа Медун, еден од економите на Милан, денеска беше уапсен, откако во неговиот дом било пронајдено големо количество спортска опрема, украдена од клубот.

Интересно е што Медун е брат на третата сопруга на Адријано Галијани, Мароканката Малика Ел Хазази, а 52-годишникот веќе 12 години работи во клубот. Пред два месеца, полицијата инсталирала камери во клупските простории по пријавата од клубот дека им недостасува опрема и операцијата со надгледување открила дека извршител на делото е поранешниот шура на потпретседателот на Милан, заедно со уште еден друг вработен во клубот.
Извор: Дерби

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top