| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите ги мачат жените на ужасен начин (видео)

rupe_u_kojima_su_islamisti_drzali_jazidske_zene_1000x0-27719

По шокантните снимки на егзекуции на затвореници, па дури и оние кога деца убиваат заложници, се појави и снимка од јами во кои фанатиците на исламската држава ги мачат жените.

Десетици жени, припадници на народот Јазиди, биле сместени во најлошиот затвор кој чоевечкиот ум може да го смисли – малечки дупки ископани во сириската пустина.

Дупките се пронајдени напуштени и не се знае каква е судбината на жените кои трпеле тортура.

Во ѕидовите на овие ‘ќелии, кои потсетуваат на гробови, жените цртале сцени од животот што го изгубиле кога Језидите биле нападнати од страна на исламистите. Тоа биле слики од куќи, членови на семејство, животни, автомобили…

Маките на Језидите почнаа во 2014 година, кога џихадистите го освоија градот Синџар во Ирак, во кој тие беа мнозинство. Следуваа масовни егзекуции, силувања на жени, мачења.

Обединетите нации нападот на Јазидите, мал народ кој крвно не се меша со другите, го окарактеризирале како „можен геноцид“.

Погледнете во какви застрашувачки услови исламистите ги држеле јазидските жени:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top