Најдобриот светски тенисер во историјата со 17 грен-слем титули, Роџер Федерер уште еднаш потврди дека нема намера да се пензионира по Олимписките игри во Рио 2016 година.
Единствената титула која му недостастува во богатата кариера е олимпиското злато во поединечна конкуренција, и ако триумфира во Рио ќе им се придружи на Андре Агаси и Рафаел Надал на кои тоа им успеало во кариерата.
Пред три години во Лондон ја освои титулата во двојки, а сега ќе се бори за истото признание во индивидуална конкуренција. Сепак, дури и да не го освои, тој продолжува со учество на турнирите.
– Имам план за цела 2016 година, пред и по Рио. Досега не сум размислувал за пензионирање и со нетрпение ја очекувам новата сезона од која повторно очекувам да биде успешна бидејќи се чувствувам одлично на физички план – изјави Федерер.
Сезоната што помина тој ја заврши со еден трофеј од Мастерс турнирите и две Гренд слем финалиња. Во двете загуби од Новак Ѓоковиќ и остана на 17 титули од овие турнири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош
-
Државна пензија за сите граѓани на Македонија: Еве колку ќе изнесува и како ќе функционира



