| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Фудбалерите ме изневерија, им нацртав сѐ, но повторно примија два гола

murinjo

Жозе Мурињо го претрпе и деветтиот пораз сезонава, по што Челси падна на 16. место на табелата, со само еден бод предност во однос на екипите што се наоѓаат во зоната на испаѓање. Португалецот сепак смета дека тој добро си ја завршил работата, но вината за поразот од Лестер ја побара кај фудбалерите, кои не ги послушале неговите совети.

– Се чувствувам како мојата работа се изневерува. Примивме два гола што се тотално неприфатливи. Еден од моите најголеми квалитети е да ја прочитам играта на противникот, да ги посочам главните опасности кои доаѓаат за потоа фудбалерите да ги неутрализираат. Варди даде гол истрчувајќи меѓу двајца централни дефанзивци иако јасно ставив до знаење дека тоа е неговиот главен квалитет. Марез имаше пет секунди „еден на еден“ во шеснаесетникот иако децидно реков дека играч за врска мора да помогне ако дојде до ваква ситуација. Работев четири дена за овој натпревар, подготвив се што требаше, прашајте ги фудбалерите, ќе ви потврдат. Затоа, имам право да бидам разочаран поради двата примени гола кои придонесоа да претрпиме уште еден пораз – изјави Мурињо.

И покрај најновиот неуспех, Мурињо ја има поддршката на Роман Абрамович кој нема намера да му врачи отказ на Португалецот без оглед на огромната резултатска криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top