Најголемото изненадување во Премиер-лигата, екипата на Лестер, продолжува со одличните игри во новиот шампионат. По 16 кола се наоѓа на врвот на табелатa со 35 бода, два повеќе од Арсенал. Еден од најголемите испити што го положи беше натпреварот што го одигра на домашен терен против актуелниот шампион Челси и победи со 2-1.
Најдобрите стрелци во лигата, напаѓачкиот двоец Варди-Махрез повторно беше во елемент постигнувајќи ги двата гола за Лестер. Џејми Варди ја продолжи својата фантастична сезона со нов погодок, отворајќи го резултатот во 34. минута, по одличната асистенција на Ријад Махрез. Токму асистентот на почетокот на второто полувреме се најде во улога на маестрален реализатор, откако со мајсторија го намудри Аспиликуета, а потоа со одличен удар ја смести топката во мрежата на Тибо Куртоа.
Резервистот Лоик Реми му даде надеж на Челси со голот во 77.минута, меѓутоа, Лестер на крајот, сепак, се радуваше на триумф. Челси, пак, по 16 одиграни натпревари е само на бод од зоната за испаѓање од Премиер–лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)