Синоќа на програмата во НБА лигата беа одиграни десет натпревари.
Еден од најинтересните дуели се одигра во Денвер каде што домашната екипа успеа да слави победа над Хјустон со 114-108. Тие успеаја да стигнат до триумфот во самиот финиш од мечот, откако на една минута до крајот успеаја да реализираат четири слободни фрлања. Хјустон беше во негатива и од 14 поени, но Џејмс Харден и другарите ја стигнаа разликата дури имаа и шут за водство, но Тери не реализираше чист шут. Попусто беа 18 тројки за „ракетите“ и се вратија на поразите откако имаа одлична недела со три победи од четири средби.
Вил Бартон со 23 поени беше изненадувањето во тимот на Денвер, а додаде уште девет скока. Кај Хјустон, а воедно и на мечот, прв стрелец беше Харден со 24 поени.
Сан Антонио спарс продолжи со одлични настапи на домашен терен, стигнувајќи до 13. победа во низа со триумфот над Јута од 118-81. „Мамузите“ доминираа од самиот почеток, стигнаа и до позитива од огромни 46 поени разлика, а малото опуштање во самиот финиш им овозможи на „џезерите“ да намалат на 37 поени негатива. Каваи Леонард со 22 поени беше најефикасен кај спарси на овој меч, пред Олдриџ и Паркер со по 18 поени.
Интересно беше и во Детроит, каде што домашниот тим по продолжение од пет минути загуби од ЛА клиперс со минимални 103-105. Џеј Џеј Редик со тројка го одведе мечот во продолжение, а потоа во клучните моменти гостите погодија уште еден шут од далечина, овојпат преку Крофорд, стигнувајќи до голема победа. Блејк Грифин беше главна фигура на натпреварот со 34 поени и 7 асистенции, две од нив при тројките на Рединг и на Крофорд, додека Рединг го одигра својот најдобар меч сезонава, постигнувајќи 24 поени.
НБА-резултати:
Атланта – Мајами 88-100, Индијана – Торонто 106-90, Бруклин – Орландо 82-105, Детроит – ЛА клиперс 103-105 (по прод.), Чикаго – Филаделфија 115-96, Мемфис – Вашингтон 112-95, Далас – Феникс 104-94, Сан Антонио – Јута 118-81, Денвер – Хјустон 114-108, Портланд – Њу Орлеанс 105-101.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)