Грција даде под концесија 14 регионални аеродроми. Атина и конзорциумот на германски „Фрапорт“ потпишаа договор вреден 1,23 милијарди евра, за концесија на 14 аеродроми во следните 40 години. „Фрапорт“ со својот грчки партнер, „Копелузос Груп“, соопшти дека договорот ќе стапи на сила догодина наесен.
Приватизацијата на аеродромите и останатиот грчки државен имот е предвидена со договорот што Грција го има со европските кредитори. Со концесијата се опфатени аеродромите во Солун, во Кавала, во Ханија, како и на Миконос, на Санторини, на Родос, на Крф, на Закинтос, на Кефалонија, на Кос, на Лезбос, на Скијатос, на Самос и на Лефкада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Инциденти во Солун, откажан говорот на министерот за образование на Грција
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун