| четврток, 6 декември 2018 |

Син на руски олигарх ја задавил мајка си

sin-na-ruski-oligarh-udushi-maijka-si-344690

Синот на рускиот олигарх Игор Сосиете, ja задавил својата мајка во еден од хотелите во градот Казан. Убиството во хотелскиот комплекс „Корстон“, било откриено откако гости на хотелот се пожалиле од однесувањето на друг гостин.
Откако пристигнале полицијците во ходникот го пронашле 19 годишното момче, кое било под дејство на силни наркотични средства. Во неговата соба било откриено телото на неговата мајка. По нејзиното тело биле пронајдени многубројни модринки и рани. Според судско-медицинската експертиза, жената била задавена со кабел од полнач.
Милијардерот Игор Сосиете е косопственик на синџирот супермаркети „Старик Хотабич“ и акционер на „OBI“. Според „Форбс“ тој е еден од 100-те најбогати руси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top