Овие трибини ги реализираме со една и единствена цел, а тоа го правиме пред секои избори, одиме од општина во општина да ги слушнеме идеите на граѓаните, подвлече министерот Диме Спасов, на вечерашната трибина во Велес, во рамки на кампањата на „На Македонија и треба твојата идеја„.
Сакаме да ги слушнеме предлозите кои ги имаат граѓаните, додаде Спасов, а се однесуваат за подобрување на нивниот живот.
-Ние потоа правиме детална проценка и оние кои што можеме да ги реализираме и за кои ќе најдеме финансиски средства , со конкретни рокови ги предвидуваме како дел од програмата за избори и истата програма ни ги носи победите на изборите, подвлече Спасов.
Ние не застануваме, продолжуваме понатаму, додаде тој, секоја година да остваруваме непосреден контакт со грганите и да дадеме отчет за сето на што го работиме.-
-За разлика од СДСМ кои се кријат во своите партиски штабови, говорници , кои што измислуваат афери и прават конструкции и целата енергија ја трошат на мрачни сценарија , како да и наштетат на нашата партија и на Владата, како да и наштетат на Македонија. Но ниту нивните сценарија и обиди нема да не држат назад. Ние сме тука пред вас за да ги слушнеме вашите потреби , да видиме што е потребно да реализираме во наредниот 4-годишен период, рече Спасов.
Сето она што ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски ќе вети го реализира, подести Спасов.
-За тоа потврдуваат и бројките и фактите и аргументите кои што стојат зад нас и кои го потврдуваат нашето функционирање изминатите 9 години. Зад нас стојат бројките од над 150.000 вработувања, кои што се реализирани изминатиот период. Од 38% невработеност во 2006, денес падна на 25, 5 %. Тоа се ефектите од мерките кои ги реализира Владата на Република Македонија, ефектите од странските инвестиции и од активните мерки и политики за вработување, подвлече Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)