| четврток, 6 декември 2018 |

Пропадна билатералната средба меѓу Путин и Ердоган

dvustrannata-sreshta-mejdu-putin-i-erdogan-propadna-344548

Билатералната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, која беше планирана за 15 декември во Санкт Петербург, нема да се одржи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од Ројтерс.
Средбата беше договорена во Турција, за време на состанокот  на врвот на Г-20 минатиот месец, пред соборувањето на рускиот воен авион во близина на границата со Сирија.
– Средба нема да се случи, не е планирана, изјави Песков, како одговор на новинарите.
Тензиите меѓу двете земји, по соборувањето на авионот на 24 ноември, постојано растат.
За утре во Бугарија е предвидена посета на турскиот премиер Ахмет Давутоглу. По посетата во Бугарија тој заминува за Брисел, каде на 17 декември, Турција и ЕУ треба да отворат поглавје за економијата и монетарната политика во преговорите за пристапување на земјата кон заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top