| четврток, 6 декември 2018 |

Надвед: Се надевавме барем на малку среќа во ждрепката

pavel nedved

Директорот на Јувентус, легендата на клубот од Торино, Павел Недвед, не го криеше разочарувањето од ждрепката која беше извршена во Нион за осминафиналните дуели во Лигата на шампионите.
„Старата дама“ ќе се обиде да ја мине пречката, но најпрвин ќе мора да го победи баварскиот гигант Баерн Минхен во двомечот напролет.

– Се надевавме на барем малку среќа при денешната ждрепка, но ете, добивме доста тежок противник. Но, уверен сум во квалитетите на Јувентус и знам дека ќе одиграме две добри средби во елитата. Нашата форма оди во нагорна линија, многу сме подобрени во Европа и може да обезбедиме пласман во наредната фаза. Баерн Минхен е силен противник, но и Јуве има свои адути – изјави Недвед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top