| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва почнува „Танц-фест“

Вечерва, во 20 часот, на големата сцена во Македонската опера и балет, со балетската претстава „Надеж“, во продукција на Националниот балет од Анталија, Република Турција, ќе биде отворено деветтото издание на „Танц-фест Скопје“. Во рамките на свеченото отворање на фестивалот, утревечер, традиционално, ќе биде доделена и наградата за врвни достигнувања во областа на танцот „Менада“.

Советот на интернационалниот фестивал „Танц-фест – Скопје“ донесе едногласна одлука наградата за врвни достигнувања во областа на танцот „Менада“ во 2013 година да му биде доделена на Владимир Викторович Василев, водечкиот танчар при театарот „Бољшој“, Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top