Ждрепката за Лигата на шампионите која се одржа утринава во Нион не им беше наклонета на „големите“ тимови. Во осминафиналето ќе можат да се видат дури четири меѓусебни пресметки на гигантите.
Во реприза на минатогодишниот двобој, Жозе Мурињо со Челси ќе се обиде да им се реваншира на ПСЖ за несреќната елиминација.
За финалистите на ЛШ од 2006 година, Арсенал и Барселона патот во овогодинешното натпреварување ќе заврши во осминафиналето. Јувентус против Баерн Минхен е дуел на поранешни европски шампиони, а десеткратниот европски шампион Реал Мадрид за противник ја доби Рома.
Најнеинтересен е дуелот Гент-Волфсбург, а Атлетико Мадрид и Манчестер сити од групата на носители како првопласирани по групната фаза минаа најлесно.
Првите мечеви во осминафиналето се закажани за 16 и 17 февруари односно 23 и 24 февруари, а реваншите се на програмата на 8 и 9 март односно 15 и 16 март.
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ
Гент – Волфсбург
Рома – Реал Мадрид
ПСЖ – Челси
Арсенал – Барселона
Јувентус – Баерн Минхен
ПСВ Ајндховен – Атлетико Мадрид
Бенфика – Зенит
Динамо Киев – Манчестер сити
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.