Кошаркарот на МЗТ Скопје во категорија за играчи до 16 години, Дамјан Миса влезе во аналите на кошарката во Македонија со тоа што постигна 92 поени на еден натпревар. Во натпреварот против УГР Студент со кој го добија металците со 123 коша разлика (156-33), Миса беше неверојатен со индивидуалниот учинок.
Тој беше многу блиску до остварување на границата од 100 поени на еден меч, нешто што им успеало само на 52 кошаркари во светската историја.
Рекордот од 92 поени е убедливо најдоброто остварување на еден кошаркар од Македонија. Во сениорска конкуренција неприкосновен е Слободан Петровски со 63 поени со шут 12/13 за три поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.