| четврток, 6 декември 2018 |

Иван Јовановски ќе биде дел од стручниот штаб на А – репрезентацијата на Македонија

ivan jovanovski

Кондицискиот тренер Иван Јовановски ќе влезе во стручниот штаб на селекторот Игор Ангеловски во сениорската репрезентацијата на Македонија, објави Фудбалската федерација на Македонија на својата официјална интернет страница. Јовановски беше дел од стручниот штаб на бугарските клубови Лудогорец и ЦСКА Софија, а во моментот работи со екипата на Интер Баку во Азербејџан.

Тој во минатото беше дел и од стручниот штаб на Металург, пред неговото заминување во странство. Во репрезентацијата на Македонија помошници на селекторот Ангеловски се Арѓент Бекири и Ока Николов, а сега ќе се приклучи и Иван Јовановски, кој ќе биде задолжен за кондициската подготвеност на играчите од А – репрезентацијата на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top