| четврток, 6 декември 2018 |

Од 2016 година во Грција на автомобилите задолжителна налепница со чип

C4A28807-9E1D-42EF-9F71-0E22078B2884_mw800_s

Од 2016 година во Грција сите возила ќе се движат со посебен налепница, која ќе вклучува и чип. Целта на Владата е преку употреба на современи електронски средства, да следи и да контролира, дали сопствениците на автомобили платиле сообраќаен данок, осигурување и дали поминале технички преглед.
Се очекува мерката да има позитивен ефект, бидејќи сопствениците на автомобили ќе ги средат своите автомобили, во исто време и автоматски ќе се препознаваат прекршителите и директно ќе бидат казнети.
Според предлог на Министерството за транспорт, мерката ќе биде задолжително не само за грчките автомобили, туку и за странските автомобили кои влегуваат во Грција, а нивните возачи ќе треба да си ја купат налепница при влегување на самата граница.
Цената ќе се утврдува во зависност од времето на престој во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top