Пред нас е една комплетно нова и модерна болница, изградена од темел, и што е уште поважно изградена според најновите светски стандарди во оваа област, рече министерот за здравство Никола Тодоров при пуштањето во употреба на новиот објект на Детската клиника Козле.
-Оваа установа претходно функционираше во многу стар, веќе дотраен објект, кој датираше од 1965 година, и кој и првично бил предвиден само за времена употреба. Истиот беше донација од Шведска и од Норвешка, како помош по Скопскиот земјотрес. Тогаш, започна една успешна прказна на институционализација на една здравствена установа за деца, која денеска добива потполно нови димензии. Да се потсетиме дека старите објекти беа од времен карактер и беа апсолутно дотраени, и без посериозни инвестиции за целиот период на користењето на времените бараки. По повеќе од 45 години фунцкионирање во времени објекти во кои не требало да функционира болницата повеќе од десетина години, Владата, донесе одлука за изградба на комплетно нов и современ објект. Изградбата на комплетно нова болница го чинеше здравствениот систем околу 7 милиони евра. Ова НЕ е инвестиција во посовремени услови за лекување на децата, туку е инвестиција во Иднината на нашите граѓани, камен/темелник во здравјето на нашите најмили и инвестиција од која бенефит ќе имаат сите идни генерации, рече Тодоров.
Министерот нагласи дека објектот е со површина од околу 6.700 метри квадратни, со капацитет од вкупно 104 кревети (98 болнички и 6 крeвети во интензивна нега), и исто толкав капацитет за сместување на по 1 родител како придружба на детето.
-За разлика од досега, кога само една третина од пациентите можеа да имаат родителска придружба, во новиот објект секое дете кое ќе биде хоспитализирано ќе може да биде придружувано од родителот. Ова сериозно ќе придонесе за намалување на траумите кај децата, кои неминовно се криеираа секогаш кога ќе требаше да бидат разделени од својот родител. Во новиот објект на болницата, децата ќе бидат сместени во иста соба со војот родител или придружник, во сосема различен амбиент, кој е дизајниран да биде пријатен за децата и да го минимизира чуството за престој во класична болничка установа. Ова ниво на услуга која досега ја немаше, е на ранг на највисоко развиените европски држави, а истовремено во историја заминуваат тро, четро и повеќекреветните соби. Сега пациентите ќе бидат хоспитализирани во еднокреветни или двокревени соби со тоалет со купатило во секоја соба, нешто што исто така досега го немаше. Сите соби се соодветно опремени, со големи и мали кревети, а проектирани се и пултови за преповивање со вградени кадички за бањање на бебиња, рече Тодоров.
Во делот на приземјето, на едниот тракт е изолирана интензивна и постинтензивна нега. Во делот за интензивна нега, предвиден е посебен простор за децата на интензивна нега со 6 места, наменет е и посебен простор за инкубатори, односно неонатолошки дел, како и простор за подготовка на терапија.
-Во постинтензивната нега има место за 10 пациенти, во истиот тракт. Досегашата интензивна нега воопшти не ги исполнуваше стандардите на денешното време, односно во реалноста беше полу/интензивна нега, а воопшто и не стануваше збор а посебен дел за пост интензивна нега како посебен дел. Само со ова, постои неспоредливост на здравствената услуга која што досега се добиваше во оваа болница и она што ќе се добива од сега понатаму. Во текот на уредувањето на објектот, особено внимание е посветено на изборот на материјали, бои, мебел, со цел да се овозможи што е можно поудобен и попријатен престој за децата. Можете да забележите дека и самата фасада е разиграна, како и партерното уредување, а и во ентериерот доминираат детски мотиви низ орнаментиката, а во објектот има и неколку игротеки кои се наменети за амбулантските и за хоспитализираните пациенти. Треба да се присетиме дека досегашниот објект беше многу поизраен како болница, и уште на прв поглед не беше привлечен за децата, со што самото искусво за децата во првиот момент беше непријатно. Треба да нагласиме дека на подот е употребуван специјален лак за заштита, со кој се превенира оштетување на подот на подолг временски период, рече Тодоров.
По однос на делот за специјалистичко/консултативна здравстевна заштита, за разлика од претходно, кога објектот имаше само 2 општи и 4 специјалистички амбуланти, во новиот објект ќе функционираат вкупно 18 амбуланти, односно 2 општи и 16 специјалистички и супспецијалистички амбуланти. Ова значи дека капацитетот на амбулантите го зголемивме повеќе од 3 пати!!! Сите амбуланти се опремени со нов мебел, кревети за преглед како и кревтчиња за преглед на бебиња, како и фотељи за родителите, но и соодветна медицинска опрема во звисност од амбулантата. Во амбулантите има целосни услови за одржување на хигената на највисоко ниво. Распределбата на пациентите ќе се врши по системот на бројчиња кои се добиваат на еден од двата пулта кај амбулантите.
-Во насока на реализирање на една од целите на Институтот – поставување на брза дијагностика, како и намалено време на чекање на пациентите, Институтот има комплетно опремена лабораторија, микробиологија, рентген-дијагностика, физикална и спирометрија, оториноларингологија и ЕХО дијагностика, кои овозможуваат брзо и ефикасно извршување на здравствените услуги. Просечното време на завршување на дијагностиката по пациент се очекува да биде помалку од 2 часа по пациент што е на ранг на најразвиенте европски стандарди, а веројатно и реткост во Европа. Тоа значи дека за најмногу 2 часа (за поспецифичните случаи, а за полесните случаи и многу побрзо) може да се завршат сите потребни прегледи и испитувања, почнувајќи од комплетна биохемија, микробиологија со земање брисеви, ушен преглед, ЕХО на бели дробови, рентген, итн. Многу е значајно што практично нема време на чекање, со што и децата се ослободени од дополнителни оптоварувања да чекаат, рече Тодоров.
Инаку, подетално кажано, во приземјето се проектирани 4 ординации, 2 специјалистички ординации за ОРЛ, бронхоскопија, рентген кабинет со пропратни содржини, хематолошка лабораторија со дел за преглед на урина, физикална терапија, канцеларии. Дежурната служба е сместена исто така во приземјето издвоена со посебен влез.
-На катот се проектирани 10 ординации, биохемиска и микробиолошка лабораторија, ординација за алерголошки кожни проби, ординација за спирометрија, кабинети за администрација. За тоа колку се овие капацитети значајни, говорат бројките. Само во 2015 година, значи во време на градба, кон Институтот се креирани 21.406 упати за 11.793 пациенти, на просечна возраст од 5,4 години. 2014 година е завршена со 28.147 упати за 13.925 пациенти. Овие бројки доаѓаа и до 40.000 пред почетокот на градежните работи. Оваа бројка ќе се зголеми со редовното работење во новите простории и новите услови. Во болницата има приближно 4000 лежечки пациенти годишно. Ова се бројки на пациенти кои не обврзуваат да изнајдеме начин да се инвестира во овој сегмент на здравствена заштита, особено што никој до сега не покажал слух дека е потребно да се направи нешто и да се подобрат условите во детската болница во Козле, зијави министерот за здравство.
Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле е единствена од ваков вид во државата, каде се лекуваат деца од 0-18 годишна возраст, со заболувања на белите дробови.
– Околу 99% од пациентите кои се лекуваат се со неспецифични заболувања како: пнеумонија, бронхопнеумонија, бронхитис опструенс, бронхитис опструенс акута, ларингитис акута, астма, нутритивни алергии, хронични опструктивни заболувања, ангини и др., додека околу 1% од пациентите кои се лекуваат се пациенти со специфични заболувања, како туберкулоза во детска возраст.
Да не заборавиме дека во објектот има целосно опремена болничка кујна, со дел за млечна кујна за доенчиња, дел за подготовка на храна за посебни нутритивни потреби, кујна за стндардна болничка храна и храна за родителите во придружба, и што е најважно Институтот има стручно лице кое го определува дневниот оброк за пациентите. Обзбедени се услови за највисоко ниво на хигена за кујната и приброт, како и за вработените, посебни колички за носење на подгоотвената храна и други за враќање на искористениот прибор, без можност за нивно мешање. Не смееме да заборавиме и дека на на приземјето постои посебен изолиран дел наменет за болните од Цистична Фиброза, со независен влез и кои ќе бидат целосно изолирани што е од особено значење за нивната состојба. Овој центар, кој ќе биде наменет за пациенти од сите возрасти, е нешто што досега го немаше во Македонија и претставува реалиација на уште едно наше ветување, за ставање на посебен акцент на лицата со ретки болести, рече Тодоров.
Инаку, како што нагласи, во континуитет посветуваат внимание на зајакнување на капацитетите на оваа установа. Во моментот, вкупно 10 доктори од болницата се на специјализација од областа на болничка педијатрија. Изминатите години, од 2011 година до денес, реализирани се нови 55 вработувања (вклучувајќи ги вработувањата и трансформациите во редовен работен однос), и во истиот период околу 9 милиони денари се вложени во нова опрема. Болницата располага со комплетно едуциран кадар и околу 60% од докторите се едуцирани најмалку по 3 месеци во врвни и реномирани болници во странство.
-Листата на новини не завршува тука. Во новиот објект на институтот ќе биде во функција посебна ‘слипапнеа’ лабораторија, која ќе биде прва од ваков тип во државата. За оваа метода 4 доктори се веќе едуцирани во реномираната болница Бамбино Џезу во Ватикан, а воедно веќе успешно се реализирани 10 вакви испитувања. За првпат во новиот објект ќе биде применета методата РИНТ – спирометрија кај деца под 6-годишна воздраст, за која исто така докторите се едуцирани во Италија. Најголемиот пат секогаш почнува со првиот чекор. Овој објект започна со првиот камен во темелот и се изгради до крај, со многу труд вложен од голем број на посветени луѓе.
Ова е еден капитален проект во македонскиот здравствен систем, заедно со Клиниката за гинекологија и акушерство, Општата болница во Охрид и многубројните темелни реконструкции на здравствените установи. Овој објект како и многу други и до сега и од сега говори сам за себе. Ова останува за сите нас, за сите наши деца и за нивните деца. Ветивме нова детска болница Козле и денес пред нас е резултатот од нашето ветување. Работиме посветено, неуморно, транспарентно, за денеска гордо и исправено да стоиме тука, пред уште еден доказ за реализирано благородно дело, рече Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.