Продавачи на скапа магла е еден од насловите кои за Пи-ар агенцијата „Рускин и Хант“ (Ruskin&Hunt) кој се појави во српските медиуми. Неделникот „Афера“ излезе со текст кој го наслови „’РУСКИН И ХАНТ’ ЈА ТРЕСАТ МАКЕДОНИЈА: Земаат пари, а се повикуваат на Вучиќ“.
Како што пишува „Афера“, главните луѓе на оваа ПР агенција го убедиле лидерот на опозицијата во Македонија, Зоран Заев, дека наводно благодарение на нив актуелниот српски премиер Александар Вучиќ, ја освоил власта во Србија.
Повикувајќи се на податоци од српската Агенција за борба против корупцијата, српскиот медиум пишува дека оваа ПР агенција, чии сопственици се Милјан Шќекиќ и Иван Бендер, денес е главен продавач на скапа магла во Македонија, а нив таму ги ангажирал водечкиот опозициски лидер Зоран Заев од СДСМ.
„Оваа агенција денес склучува милионски договори со разни невладини организации, а главната препорака која самите на себе си ја даваат е дека ја работеле кампањата на Александар Вучиќ и на Српската напредна партија“, пишува „Афера“ кој во текстот се повикува на извор од СНС (Српска народна странка).
Изворот додал:
„Во нашата победничка кампања оваа агенција беше 17. подизведувач на услугите и на нив им е познато дека и во Србија склучуваат многу ’тешки’ договори со разни фирми, повикувајќи се на првиот човек, Вучиќ. Вистината е дека Милјан Сќекиќ работеше кампања за ДСС и НС за Косово, за која зема речиси осум милиони динари. Подоцна беше советник на Маја Гојковиќ, додека таа беше градоначалничка на Нови Сад… Српската напредна странка апелира до граѓаните да ги проверат информациите пред да се потпрат на оние кои земаат големи пари така што лажно се повикуваат на Вучиќ“, објавува неделникот „Афера“.
„Република“ неодамна го отвори ова прашање во Македонија. Објавивме дека белградска врска го советува лидерот на СДСМ. Според нашите сознанија повеќе месеци во редовни тајминзи, најмалку еднаш во две недели, тројца луѓе со џип со српски регистерски таблички доаѓаат во штабот на СДСМ на средба со раководството. Воедно, многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ.
Тоа се луѓето од белградската врска која на СДСМ и Заев им нуди помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување.
Во целата логистика, клучни биле тројца луѓе: Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер. Тогаш објавивме дека Во близина на централата на СДСМ на улица „Павел Шатев“, периодично се слушале разговори на висок тон од партиското седиште. Тие разговори неколкупати завршувале и со силни кавги и со викотници во кои на српски јазик се посочувало на „неспособност“, како и дека било потребно „водење на интелигентна политика“. Според сознанијата, Заев бил и прекорен да не се излетува пречесто со изјави, особено затоа што е политичар зад кој се провлекуваат низа афери.
„Република“ испрати официјално барање до СДСМ со прашање дали срспка агенција се грижи за нивниот ПР, но одговор не добивме. Подоцна истото прашање го поставиме и на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски кој потврди дека СДСМ соработува со Пи- Ар агенција од Србија, за која не беше сигурен за името, но од која раководството било многу задоволно. Сугаревски не го читал текстот во неделникот „Република“.
Партискиот портпарол и пратеник, Петре Шилегов, пак го негираше договор за соработка со Пи Ар агенција од Србија. Договорот, вели, ќе го објават „кога ќе има официјален склучен договор“. За сега, додава „… во СДСМ доаѓаат и гости и потенцијални надворешни соработници“.
Откако „Република“ го сними џипот на српските советници додека го напуштаат седиштето на СДСМ, „Република“ уште еднаш го праша Шилегов – Кои се гостите од СДСМ. Шилегов почна со навреди да оценува дали „Република“ е медиум или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)