| четврток, 6 декември 2018 |

Борбата која требаше да биде спектакл, заврши за 13 секунди (видео)

konor mekgregor

Борбата во перолесна катергорија што требаше да биде спектакл во „МГМ Гранд арената“ во Лас Вегас меѓу Ирецот Конор Мекгрегор и Бразилецот Жозе Алдо заврши за само 13 секунди.
Мечот за титулата во УФЦ-првенството ја доби Мекгрегор откако го нокаутираше Алдо и со тоа стана апсолутен шампион. Алдо не беше поразен во рингот повеќе од 10 години, но в.д. титулата му припаѓаше Мекрегор со шест победи во низа, но му требаше уште една во кариерата, токму синоќешната над Алдо.
УФЦ (ултимејт фајтинг чемпионшип) е најпознатата групација во боречки вештини, т.н. мартиал артс (ММА), што ги вбројува најголемите борци во светот поради наградните фондови што ги даваат.

Познатата „МГМ Гранд арената” во Лас Вегас со нетрпение го очекуваше овој долгонајавуван дуел (првиот нивни меѓусебен меч во јули беше одложен поради повреда на Алдо), а беше доволен само еден удар во битката што траеше само 13 секунди.

Мекгрегор оствари една од најубедливите победи во историјата на ултимејт-фајт борбите. Малку луѓе му веруваа, но тој целосно го декласира Алдо и стана единствениот вистински УФЦ-шампион во перо категорија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top