| четврток, 6 декември 2018 |

Серијата на шампионот заврши, Милвоки му го зеде скалпот на Голден Стејт (видео)

golden stejt

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт ја заврши неверојатната серија од 24 победи од стартот на сезоната и за првпат загуби на гостински терен од Милвоки со 108-95.
За првпат Стеф Кари и другарите мораа да честитаатна некој друг за победата, но секако не се разочарани бидејќи срушија неколку рекорди во НБА лигата.

– Мислевте дека ќе бидеме тажни и разочарани?! – рече Дрејмонд Грин во соблекувалната пред насобраните новинари.

Ако се додадат и четирите победи од минатата сезона тогаш Голден Стејт ојде до вкупно 28 победи, што е за пет помалку од апсолутниот рекорд на ЛА Лејкерс од 33 победи во сезоната 1971-72.

Стеф Кари постигна 28 поени, Дрејмонт Грин имаше дабл-дабл ефект од 24 поени и 11 скока, додека во тимот по еден натпревар пауза се врати и Клеј Томсон, кој реализираше 12 поени. Кај Милвоки, Крег Монро беше најефикасен со 28 поени, Џабари Паркер стигна до 19, додека Мајкл Картер-Вилијамс реализираше 17 поени.

НБА резултати:
Шарлот – Бостон 93-98, Детроит – Индијана 118-96, Атланта – Сан Антонио 78-103, Чикаго – Њу Орлеанс 98-94, Хјустон – ЛА Лејкерс 126-97, Далас – Вашингтон 111-114, Милвоки – Голден Стејт 108-95, Портланд – Њујорк 110-112

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top