Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го запиша својот деби гол во дресот на Палермо и во Серија А, погодувајќи на натпреварот против Фросиноне во 16. коло на италијанскиот шампионат.
Во 12.натпревар сезонава за Палермо, Трајковски стигна до првиот гол и тоа на извонреден начин реализирајќи вистинско ремек дело за водство во 60. минута од 3-1 на својот тим.
Aleksandar Trajkovski Goal 3-1 Palermo vs… by pop-auras
Трајковски од почетокот го почна натпреварот за Палермо, настапувајќи до 81. минута во победата на неговиот тим. Палермо по оваа победа сега има 18 бода, пробивајќи се на 14. место на табелата, пред Удинезе, Сампдорија и Џенова.
Во првиот денешен натпревар во терминиот од 18 часот во Серија А лигата, Горан Пандев и Џенова беа поразени на домашен терен од Болоња со 0-1. Пандев го започна натпреварот и играше се до 71.минута. Голема радост на Болоња и донесе Росетини со гол во судиското продолжение.
Натпреварот Сасуоло – Торино е одложен, а во вечерниот термин од 20.45 играат Удинезе и Интер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)