Б.Б. (52) од Тетово го загубил животот откако бил удрен од автомобил Ауди 80 со тетовски регистарски таблички што го управувал Љ.А. (54) од тетовското село Лешок.
Според информациите од тетовското јавно обвинителство сообраќајната несреќа се случила вечерва околу 17 часот и 45 минути на регионалниот пат Тетово-Јажинце во близина на селото Одри.
Првичните информации од увидот покажуваат дека пешакот од ударот со автомобилот починал на самото место и неговото тело по наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција.
Засега не се знаат причините за сообраќајката а увид на местото од несреќата извршиле јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа на СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.