Премиерлигашот Бурнемут по триумфот во минатото коло над шампионот Челзи вечерва во дуелот од 16. коло го совлада Манчестер Јунајтед со 2-1 и освои три нови бодови во борбата за опстанокот. Бурнемут поведе во 2. минута со голот од корнер на Џуниор Станислас, а гостите изедначија преку Маруан Фелаини во 24. минута. Побеничкиот гол за домашниот тим го постигна Џошуа Кинг во 54. минута.
Bournemouth vs Manchester United (2-1) All… by bestgoals24
Резултати на денеска одиграните дуели од 16. коло:
Норвич – Евертон 1-1, Кристал Палас – Саутемптон 1-0, Манчестер Сити – Свонси 2-1, Сандерленд – Вотфорд 0-1, Вест Хем – Стоук 0-0 и Бурнемут – Манчестер Јунајтед 2-1
Утре се играат мечевите: Астон Вила – Арсенал, Ливерпул – ВБА и Тотенхем – Њукасл, додека во понеделник ќе играат лидерот на табелата Лестер и шампионот Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)