СВР Штип поднесе кривичнa пријав против Н.Н.(42) адвокат од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување исправа и измама.
Пријавениот на 6 мај во својство на адвокат, злоупотребувајќи ја својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист направил лажна исправа „Поднесок“ за присилна наплата во која наместо трансакциските сметки на двајца негови клиенти, ги навел неговите лични трансакциски сметки и истата ја употребил како вистинска на начин што ја доставил до Извршител за присилна наплата. Со така изготвената лажна исправа довел во заблуда извршителка од Штип, така што истата присилно наплатените парични средства во износ од 141.829 денари по основ на пресуда на Апелационен суд Штип, наместо на неговите клиенти, му ги исплатила на пријавениот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Антонио Апостолски, адвокат на Мијалков: Недозволиво е странката да не е известена дека за неа се бара мерка притвор
-
Мајка му умрела од рак, адвокат од Србија го тужи НАТО поради употреба на бомби со осиромашен ураниум
-
Празно и во Штип: Заев немаше кому да му го продава референдумот
-
Се степале за паркинг во Штип