| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободен синот на Гадафи

Ханибал Гадафи, бизнисмен и син на поранешниот либиски диктатор Мохамед Гадафи, кој вчера беше киднапиран од екстермисти во Либан, е ослободен, јавуваат безбедносни претставници.

Либанската полиција го ослободи Гадафи и ќе го сослуша, соопшти безбеносен претставник, без да прецизира каде точно е ослободен синот на Гадафи.

Според други извори Гадафи бил киднапиран од вооружена група во регионот на Бака додека патувал од Сирија, како и дека бил ослободен во истиот регион.

Ханибал Гадафи, роден 1975 година, беше меѓу членовите на семејството Гадафи кои побегнаа во соседен Алжир по падот на Триполи во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top