Државната изборна комисија усвои четири приговори поднесени од ВМРО- ДПМНЕ за изборни нерегуларности во вториот круг од гласањето во Струга. Поради тоа, членот на ДИК предложен од ДПА, Бедредин Ибраими, се закани дека ќе ја напушти седницата, а Субхи Јакупи од ДУИ обвини за етничко гласање.
– Јас ќе излезам, а вие продолжете да си гласате сами. Вие мислите дека сте патриоти. Не сте вие патриоти. Не е добро што гласате така ни за вас, ни за ДИК, ни за државата. Вие се повикувате на државата, но јас се повикувам повеќе на државата. Патриот е тој што работи за својата земја, за својот народ, за своите граѓани и за своите деца. Тогаш ѝ помагаме на државата. Вака вие како што сакате да ја терате, тогаш вие не сте патриоти – обвини Јакупи.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 приговори за нерегуларности за време на вториот круг локални избори во Струга. По жестоките кавги доцна во ноќта, претседателот на Комисијата ја прекина седницата и закажа продолжување за денеска во 10 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


