| четврток, 6 декември 2018 |

Духовното воздржание е суштината на христијанството

Не тре­ба да се по­сти за­ра­ди ди­е­та, за да се олес­нам, да ми би­де уба­во... По­стот мо­ра да би­де ду­хо­вен тре­нинг или ду­хо­вен под­виг. Не тре­ба тоа да би­де са­мо ли­шу­ва­ње од не­ка­ков вид хра­на, ту­ку мо­ра да би­де при­дру­жен и од ду­хо­вен пост. Тре­ба да се мо­ли­ме, да оди­ме на бо­гос­луж­ба

Поч­на бо­жик­ни­от пост. Тој му прет­хо­ди на праз­ни­кот Рож­дес­тво Хри­сто­во, трае око­лу 40 де­на и се на­ре­ку­ва и Фи­ли­пов пост би­деј­ќи поч­ну­ва по 27 но­ем­ври – де­нот на спо­ме­нот на апо­стол Фи­лип. Бо­жик­ни­от пост е во­ста­но­вен за да мо­же­ме ние, во пре­срет на Рож­дес­тво­то Хри­сто­во, да се очи­сти­ме се­бе­си со по­ка­ја­ние, мо­ли­тва и со пост, и со чи­сти ср­ца, ду­ша и те­ло, бла­го­го­веј­но да го пре­срет­не­ме си­нот Бож­ји што се ја­ви во све­тот, при­не­су­вај­ќи му го, ме­сто обич­ни да­ро­ви и жр­тви, на­ше­то чи­сто ср­це и жел­ба за пос­ле­ду­ва­ње на не­го­во­то уче­ње – стои на веб-стра­ни­ца­та на Би­гор­ски ма­на­стир.

Од Скоп­ска­та епар­хи­ја ве­лат де­ка не са­мо во­зрас­ни­те, ту­ку сѐ по­че­сто и пом­ла­ди­те се прик­лу­чу­ва­ат кон по­сти­те пред го­ле­ми­те хри­сти­јан­ски праз­ни­ци.

Тен­ден­ци­ја­та на по­сте­ње ме­ѓу мла­ди­те се зго­ле­му­ва се­ко­ја го­ди­на. Глав­но се фо­ку­си­ра­ни на бо­жик­ни­те и на ве­лиг­ден­ски­те по­сти. Не­кои по­стат са­мо пр­ва­та и пос­лед­на­та не­де­ла, не­кои це­ли­от пост, но за­ви­си од бла­гос­ло­вот што ќе го зе­мат и мож­но­сти­те што ги има­ат. Се­пак, нај­до­бро е да го ис­по­стат це­ли­от пост – ве­ли отец Бо­бан.

 

По­стот не е ди­е­та

По­стот не смее да би­де ди­е­та и да се по­сти за­ра­ди ди­е­та или за­ра­ди одре­де­но те­лес­но здрав­је.

– Не тре­ба да се по­сти за­ра­ди ди­е­та, за да се олес­нам, да ми би­де уба­во… По­стот мо­ра да би­де ду­хо­вен тре­нинг или ду­хо­вен под­виг. Не тре­ба тоа да би­де са­мо ли­шу­ва­ње од не­ка­ков вид хра­на, ту­ку мо­ра да би­де при­дру­жен и од ду­хо­вен пост. Тре­ба да се мо­ли­ме, да оди­ме на бо­гос­луж­ба. Се­ка­ко, не тре­ба са­мо тој пер­и­од да се мо­ли­ме, но за вре­ме на по­стот тоа е осо­бе­но важ­но – ко­мен­ти­ра отец Бо­бан.

По­стот, ве­ли тој, не мо­же да го поч­не кој ка­ко са­ка и ко­га са­ка. Пост се поч­ну­ва со бла­гос­лов од све­ште­ник.

– За по­че­ток на по­стот ни е по­тре­бен бла­гос­лов од ду­хо­вен отец или, во пре­вод, ма­ти­чен ле­кар за ду­ша­та. Ќе си по­ба­ра­ме бла­гос­лов за по­стот и на кој на­чин да по­сти­ме. Не мо­же­ме са­ми да си одре­ду­ва­ме ка­ко ќе по­сти­ме за­тоа што цр­ква­та про­пи­шу­ва на­чин ка­ко се по­сти по­стот. Обич­но бо­жик­ни­от и пе­тров­ден­ски­от пост се по­стат исто, а ве­лиг­ден­ски­от и бо­го­ро­дич­ни­от се по­стат исто. Тие има­ат раз­лич­ни на­чи­ни ка­ко се по­сти. До­кол­ку не мо­же­ме да се при­др­жу­ва­ме до тоа пра­ви­ло, или по­сте­ње по пра­ви­ло, си ба­ра­ме бла­гос­лов од све­ште­ник, кој ќе ни бла­гос­ло­ви ка­ко мо­же да по­сти­ме во сог­лас­ност со на­ша­та пси­хо­фи­зич­ка со­стој­ба – об­јас­ну­ва оте­цот од Скоп­ска­та епар­хи­ја.

Бре­ме­ни­те же­ни, во за­вис­ност од си­ли­те што ги има­ат, ре­ша­ва­ат да­ли ќе по­стат или не. Во слу­чај да не мо­же да по­стат, мо­же да има раз­ре­шу­ва­ње од пост. До­кол­ку са­ка­ат да по­стат, мо­же да по­ба­ра­ат спе­ци­фи­чен бла­гос­лов за по­стот. Исто­то се од­не­су­ва и на фи­зич­ки­те ра­бот­ни­ци, лу­ѓе­то во руд­ни­ци­те, гра­деж­ни­ци­те. Тие не мо­жат стро­го да по­стат, но одат, ба­ра­ат бла­гос­лов, ја ка­жу­ва­ат сво­ја­та со­стој­ба, што ра­бо­тат, или бо­ле­ду­ва­ат од не­што, по што со бла­гос­лов мо­же да кон­су­ми­ра­ат и мле­ко за вре­ме на по­стот. Но тоа не мо­же­ме са­ми да си го доз­во­ли­ме.

Во вре­ме­то на по­стот се из­бег­ну­ва­ат ме­со­то, пу­те­рот, мле­ко­то, јај­ца­та, си­ре­ње­то. Оте­цот наг­ла­су­ва де­ка во сре­да и во пе­ток во бо­жик­ни­от пост не се ја­де ри­ба, ви­но и мас­ло и доз­во­ле­но е са­мо при­ма­ње хра­на без мас­ло. Во дру­ги­те де­но­ви – по­не­дел­ник, втор­ник, че­твр­ток, са­бо­та и не­де­ла раз­ре­ше­на е хра­на со рас­ти­тел­но мас­ло. Ри­ба­та за вре­ме на бо­жик­ни­от пост се ја­де во са­бот­ни­те и во не­дел­ни­те де­но­ви, ка­ко и на го­ле­ми­те праз­ни­ци.

– За го­ле­ми­те праз­ни­ци се ја­де ри­ба. За Св. Ни­ко­ла се ја­де ри­ба, без раз­ли­ка кој ден се пад­нал праз­ни­кот. Ко­га е сла­ва, се слу­жи ри­ба. Ви­но­то е доз­во­ле­но са­мо на праз­ни­ци­те и во са­бо­та и не­де­ла – ве­ли отец Бо­бан.

tema170-2

Да се за­мис­ли­ме за де­ла­та што ги пра­ви­ме

Но да­ли воз­др­жу­ва­ње­то од хра­на­та е до­вол­но за да ка­же­ме де­ка по­сти­ме?! Ви­стин­ски­от пост е по­вр­зан со мо­ли­тва, по­ка­ја­ние, со воз­др­жа­ние од стра­сти­те и од по­ро­ци­те, со иско­ре­ну­ва­ње на ло­ши­те де­ла, про­сту­ва­ње на на­вре­ди­те и со веж­ба­ње во до­бро­де­тел­та. Те­лес­ни­от пост без по­стот ду­хо­вен не при­до­не­су­ва за спа­се­ни­е­то на ду­ша­та, ду­ри на­про­тив, мо­же да би­де и ду­хов­но ште­тен, до­кол­ку чо­ве­кот воз­др­жу­вај­ќи се од хра­на се ис­пол­ни со чув­ство на пред­ност во од­нос на дру­ги­те.

Ви­стин­ски­от пост, стои во цр­ков­ни­от нат­пис, е по­вр­зан со мо­ли­тва, по­ка­ја­ние, со воз­др­жа­ние од стра­сти­те и од по­ро­ци­те, со иско­ре­ну­ва­ње на ло­ши­те де­ла, про­сту­ва­ње на на­вре­ди­те и веж­ба­ње во до­бро­де­тел­та. По­стот не е цел ту­ку средс­тво – средс­тво да ја сми­ри­ме сопс­тве­на­та плот и да се очи­сти­ме од гре­во­ви­те. Без мо­ли­тва и по­ка­ја­ние по­стот ста­ну­ва ед­на обич­на ди­е­та.

– Ду­хов­ни­от пост е пре­ку це­ла­та го­ди­на. Но се­га, ко­га цр­ква­та про­пи­ша­ла пос­лу­ша­ние да по­сти­ме и те­лес­но, на ду­хов­ни­от му при­дру­жу­ва­ме и те­ле­сен пост. Осо­бе­но во овој пер­и­од тре­ба да се фо­ку­си­ра­ме, да се нај­де­ме се­бе­си, да се за­мис­ли­ме за де­ла­та или не­де­ла­та што ги пра­ви­ме. Да се веж­ба­ме да не го пра­ви­ме тоа. Но и тоа тре­ба да би­де во ко­ор­ди­на­ци­ја со на­ши­от ду­хо­вен отец. Тој ни пре­пи­шу­ва одре­де­ни мо­ли­тви. Ако по­ста­пу­ва­ме по­греш­но во кон­ти­ну­и­тет ни про­пи­шу­ва сог­лас­на епи­ти­ми­ја, што на не­кој на­чин е ду­хов­на каз­на што ја ис­пол­ну­ва­ме и ко­ја тре­ба да нè по­тсе­ти де­ка мо­ра да ко­ри­ги­ра­ме не­кои свои по­стап­ки – по­со­чу­ва оте­цот.

Да­ли по­стот зна­чи 40 де­на без мрс­на хра­на и те­лес­ни за­до­волс­тва, и ло­ша мис­ла? Оте­цот ве­ли да, но зна­е­ме де­ка тоа не е из­вод­ли­во. Хра­на­та и те­лес­ни­от ас­пект за­ви­сат од нас. Ние сме тие што мо­же­ме да го ис­пол­ни­ме тоа. Ду­хов­ни­от ас­пект е бор­ба­та што тре­ба да ја по­стиг­не­ме. А, ве­ли оте­цот, се­кој мо­же да го по­стиг­не тоа. При­че­стот го кру­ни­су­ва по­стот и го окреп­ну­ва чо­век за вре­ме на по­сте­ње­то. При­че­ста тре­ба да би­де при­дру­жу­ва­на со ис­по­вед прет­ход­но.

Ви­стин­ска­та су­шти­на на по­стот е изра­зе­на во след­на­ва цр­ков­на пес­на:

„По­сти од хра­на ду­ша­та мо­ја, но од стра­сти­те не се очи­сту­ва – на­праз­но се уте­шу­ва­ме со не­ја­де­ње. За­што ако по­стот не ти до­не­се ис­пра­ву­ва­ње, ќе би­де при­мен од Бо­га ка­ко ла­жен и ќе би­де ка­ко кај ло­ши­те де­мо­ни што ни­ко­гаш не ја­дат“.

Пишува: Билјана Зафирова
Фото: Ѓорѓи Личовски
(Текст објавен во 170. број на неделникот „Република“, 4.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top