Денеска православната црква ја празнува светата преподобна маченичка Февронија.
Таа била ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да го избегне бракот, таа му се посветила на Христа и се замонашила на Исток, во асирската земја. Во манастирот во кој се замонашила нејзината тетка Вриена била игуменка.
Синот на некој големец Лисимах имал желба да се ожени за Февронија, но бидејќи царот Диоклецијан увидел во него таен христијанин го испратил со својот чичко Селин да оди на Исток и таму да ги фаќа и да ги убива христијаните.
Селин бил суров како ѕвер и секаде без милост ги истребувал христијаните. Лисимах, од друга страна, каде што имал можност ги поштедувал христијаните и ги засолнувал од својот зол чичко. Откако направил пустош од христијаните во Палмира, Селин дошол во Сивапол, во близина на манастирот со педесет испоснички меѓу кои била и Февронија.
Иако имала само дваесет години ја почитувале во манастирот и во градот поради кроткоста, мудроста и издржливоста. Во тој манастир важело правилото на игуменијата Платоноида, поранешна игуменија, секој петок да се поминува само во молитви и читање свештени книги. Вриена ја избрала Февронија да им чита на сестрите свештени книги и тоа стоејќи зад завесата, за убавината на нејзиното лице, кое восхитувало, да не ги замајува другите.
Кога Селин слушнал за Февронија наредил да му ја донесат. Кога светата девица не сакала да се откаже од Бога и да се согласи на брак со смртник, наредил да ја камшикуваат, да ѝ ги отсечат рацете, градите и нозете и на крајот да ја исечат со меч.
Мачителот истиот ден го стигнала Божјата казна. Во него влегол страшен бес и го обзел смртен ужас. Во тој ужас удрил со главата во мермерен столб и паднал мртов.
Лисимах тогаш наредил остатоците од телото на Февронија да се соберат и да се однесат во манастир каде што биле закопани. Подоцна се крстел заедно со многубројни други војници.
Моштите на светата Февронија исцелувале многумина, а таа се јавувала на Денот на нејзиниот празник и стоела на своето вообичќаено место меѓу сестрите. Сите сестри ја гледале со страв и со радост.
Во 363 година моштите на Февронија биле пренесени во Цариград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…