| четврток, 6 декември 2018 |

„Пју“: До 2070 година во светот ќе има повеќе муслимани од христијани

PF_15.04.02_Projections_promo640x320

Трендовите на раст на бројот на припадниците на водечките светски религии укажуваат дека исламот се шири со најбрзо темпо од сите други религии, па така до 2070 во светот ќе има повеќе муслимани од христијани, се наведува во најновата студија на Институтот „Пју“.

Во студијата се вели дека до 2050 година бројот на верници на сите религии, освен на будистичката, ќе бележи раст.

Во 2010 година во светот имаше 2,2 милијарди христијани, што е една третина од вкупната светска популација, додека бројот на муслиманите изнесуваше на 1,6 милиради или 23 отсто од наслението на Планетата.

PF_15.04.02_ProjectionsOverview_populationChange_310pxСпоред експертите на „Пју“, имајќи предвид дека природниот прираст на муслиманите е многу поголем отколку кај сите други религии, во следните четири децении бројот на припадниците муслиманската и христијанската вера речиси ќе се изедначи.

Така во 2050 година бројот на муслимани ќе се зголеми за 73 отсто, а на христијаните за 35 проценти, па врз основа на прогнозоите дека тогаш на Земјата ќе живеат 9,3 милијарди лица, се предвидува дека во светот ќе има 2,9 милијарди христијански верници и 2,8 милијарди муслимански. Веќе во 2070 година во светот ќе има повеќе муслимани од христијани, стои во анализата.

Во студијата се процнува и дека бројот на христијаните во Европа во следните децении ќе се намали за околу 100 милиони од сегашните 553 на 454 милиони, што во одредена мерка ќе се должи и на падот на вкупниот број жители на континентот. Според „Пју“, во некои европски земји, како Велика Британија, Холандија и Франција, христијаните повеќе нема да бидат мнозинство.

Во САД пак во следните децении муслиманите ќе станат втора по бројност верска заедница, зад христијаните, потиснувајќи ги евреите на третата позиција.

Интересен податок во студијате е и тоа што се очекува во следните децении да се намалува бројот на лица кои се декларираат како атеисти, агноситици или дека не и припаѓаат на ниту една религија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top