| четврток, 6 декември 2018 |

Рибери повторно повреден, овој пат ќе паузира само три недели

riberi

Францускиот репрезентативец во редовите на Баерн Минхен, Франк Рибери не го криеше задоволството по враќањето на терените по паузата од цели девет месеци поради повреда на мускулот на ногата. Тој имаше тежок период за рехабилитација, а првиот натпревар како стартер го одигра во натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Загреб, но притоа заработил нова повреда на мускулот поради која извесно време ќе биде надвор од терените.

– Рибери нема да може да настапува до крајот на 2015 година. Ќе почекаме тој целосно да се рехабилитира, за максимално подготвен да ја дочека следната година и финишот од сезоната – порачаа од баварскиот гигант.

На листата на повредени играчи на Баерн Минхен се приклучи и Мехди Бенатија, кој исто така ќе ги пропушти последните натпревари од оваа 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top