| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со план да ги изигра изборите

Еден од глав­ни­те по­ли­тич­ки мен­то­ри на Зо­ран За­ев, од­нос­но чо­ве­кот со огром­но вли­ја­ние на по­ли­тич­ки­те дејс­тву­ва­ња на ли­де­рот на СДСМ, Љу­бо­мир Фрч­ко­ски, си за­мис­лу­ва ка­ко на ВМРО-ДПМНЕ ќе му скра­те­ле 150.000 гла­со­ви. Или де­ка ќе до­би­е­ле ба­рем ед­на­ков број ман­да­ти во ид­ни­от пра­те­нич­ки со­став. Или де­ка ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ќе го уап­си це­ло ра­ко­водс­тво на ВМРО-ДПМНЕ. Или, во нај­лош слу­чај, и да не осво­јат до­вол­но гла­со­ви, со ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја ќе фор­ми­ра­ат вла­да за „кул­тур­на дев­мро­и­за­ци­ја“. Сѐ, са­мо не ле­ги­тим­но осво­ју­ва­ње власт

СДСМ е пар­ти­ја што не приз­на­ва по­раз. Или и ко­га приз­на­ва, на­ро­дот гре­ши. Но тоа, од­на­тре, гле­да­но од се­ди­ште­то со адре­са на ули­ца „Па­вел Ша­тев“ во Скоп­је, е про­из­вод на „кул­тур­на вмро­и­за­ци­ја“. Тво­рец на та­ква­та пер­цеп­ци­ја во СДСМ е Љу­бо­мир Да­на­и­лов Фрч­ко­ски. Не е тај­на де­ка тој има огром­но вли­ја­ние врз по­ли­тич­ки­те за­фа­ти и ста­во­ви на Зо­ран За­ев, кои, пак, и по­крај си­те на­по­ри на до­маш­ни и „зај­ме­ни“ струч­ња­ци за од­но­си со јав­но­ста, го ур­ни­саа реј­тин­гот на пар­ти­ја­та.

Са­мо­љу­би­е­то на Фрч­ко­ски, исто та­ка, не е не­поз­на­то за јав­но­ста. И ток­му тоа са­мо­љу­бие не­о­дам­на ги откри си­те по­ли­тич­ки стра­те­гии во ус­ло­ви ко­га на си­те, и во СДСМ, и на нив­ни­те „при­ја­те­ли од стра­на“, па ду­ри и не­му, им е јас­но де­ка опо­зи­ци­ја­та не­ма ни­ту те­о­рет­ски шан­си да ги до­би­јат из­бо­ри­те во април. „ВМРО-ДПМНЕ и на­та­му ќе би­де нај­сил­на­та пар­ти­ја“, кон­ста­ти­ра­ше кре­а­то­рот на опо­зи­ци­ска­та по­ли­ти­ка.

Тоа што е страш­но во тие не­го­ви „по­са­ку­ва­ни за­мис­ли“, ка­ко што ги на­ре­ку­ва, е де­ка сѐ е во игра, са­мо да се освои вла­ста не по­чи­ту­вај­ќи ја вол­ја­та на гра­ѓа­ни­те. Оче­ку­ва­ња­та, ду­ри и за не­ка­ква изед­на­че­ност во осво­е­ни­те ман­да­ти, се­пак е мар­ке­тин­шки трик, но не по­ра­ди ве­ќе об­ја­ве­ни­те ан­ке­ти на ре­но­ми­ра­ни­те аген­ции, ту­ку по ана­ли­за­та на реј­тин­гот по ан­ке­та­та што ја на­ра­ча СДСМ. За­тоа од из­бор­ни­те пла­тфор­ми опо­зи­ци­ја­та не спо­ме­ну­ва ни­ту „п“ од про­гра­ма, а од „ви­зи­и­те…“ оста­наа да се пот­пи­ра­ат са­мо на тие на мен­то­ри­те ка­ко Фрч­ко­ски.

Про­чи­сте­на од си­те на­вре­ди и не­бу­ло­зи, про­гра­ма­та, од­нос­но про­е­ктот ка­ко да се за­зе­ме вла­ста во Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред мен­то­рот на СДСМ, Фрч­ко­ски, изг­ле­да ва­ка:

 

Ви­зи­ја 1

По­ни­шту­ва­ње на 150.000 гла­со­ви

СДСМ „спие на тоа уво“ де­ка ќе ус­пее да од­зе­ме 150.000 гла­со­ви од кон­то­то на ВМРО- ДПМНЕ. Фрч­ко­ски тоа го прес­ме­тал со кал­ку­ли­ра­ње на си­те до­се­гаш­ни мо­мен­ти и праз­ни об­ви­ну­ва­ња за из­бор­ни­те по­ра­зи – од лаж­ни до­ку­мен­ти до по­чи­на­ти ли­ца на из­бор­ни­от спи­сок.

– Пр­во се лаж­ни­те лич­ни кар­ти, со кои се гла­са по­ве­ќе­крат­но. По­тоа е гла­са­ње­то на умре­ни­те и фал­си­фи­ку­ва­ни­те или до­пол­не­ти во спи­со­ци­те. И тре­то е оп­шта­та ло­ги­сти­ка на зап­ла­шу­ва­ње… Тоа се 10-ина ман­да­ти по­мал­ку од се­га. Но сѐ уште би би­ла нај­сил­на­та пар­ти­ја.

 

Ви­зи­ја 2

Да се при­тво­ри „фа­ми­ли­ја­та“

Стра­те­ги­ја­та на СДСМ, се­га, со ва­ков реј­тинг, кој га­ран­ти­ра нов из­бо­рен по­раз, се те­ме­ли са­мо на спе­ци­јал­на­та об­ви­ни­тел­ка. Тоа што Фрч­ко­ски го за­го­ва­ра и го хра­ни СДСМ од­на­тре , ка­ко што јав­но истак­ну­ва, е Ка­ти­ца Ја­не­ва „да изв­ле­че ед­но пет чи­сти слу­чаи“.

– Тоа што е мно­гу важ­но во таа при­каз­на е об­ви­ни­тел­ка­та ко­ја, има ед­но пет чи­сти слу­ча­ја, да ги изв­ле­че без го­ле­ма вре­ва и без го­лем ме­теж во де­кем­ври… Об­ви­ну­ва­ња­та мо­ра да ги сим­нат од пи­е­де­ста­лот пре­ми­е­рот и бра­ту­чед му пр­во – ПО МОЈ ВКУС (наг­ла­су­ва Фрч­ко­ски)- тие нај­ди­рект­но мо­же да вли­ја­ат на све­до­ци­те, тоа би тре­ба­ло да би­де за­ед­но со при­твор, за­ед­но со таа це­лос­на про­це­ду­ра за тоа. Не знам ка­ко об­ви­ни­тел­ка­та ќе го из­ве­де тоа – по­со­чу­ва кре­а­то­рот Фрч­ко­ски.

– Че­кор по че­кор. Пр­во об­ви­не­ни­ја­та. По мој вкус. Ќе се по­ба­ра­ат 20 спе­ци­јал­ци од МВР, да си ги со­бе­рат лу­ѓе­то пред истра­жен су­ди­ја да да­дат из­ја­ва. Не­кои од нив, ако мо­жат, а клуч­но мо­же да вли­ја­ат на све­до­ци, тре­ба да одат в при­твор. Не бит­но е дал бил пре­ми­ер, ова, тоа – си по­вто­ри Фрч­ко­ски.

 

Ви­зи­ја 3

Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца не­ма да доз­во­ли

Ни­ту Фрч­ко­ски ни­ту СДСМ не би би­ле тоа што се да не се пот­пи­ра­ат на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ме­сто на на­ро­дот. Опо­зи­ци­ја­та се под­гре­ва де­ка по „ма­сив­на­та ин­тер­вен­ци­ја на стран­ци­те“, и со ва­ков пад на под­др­шка­та кај гла­са­чи­те, осо­бе­но ме­ѓу сво­и­те, таа ќе вле­та со ин­ста­ли­ра­ње на СДСМ на власт. По се­ко­ја це­на.

– Се­га, (дип­ло­ма­ти­те) да вле­зат со тој ан­гаж­ман и да из­ле­зат со праз­ни ра­це?… Ако гле­да­те, ни­е­ден до­го­вор не­ма­ше да оди без не­кој да пре­се­че и тоа та­ка ќе оди до крај. Да го пу­штат се­га да из­ле­зе, на крај тоа би бил це­ло­сен ко­лапс на нив­ни­от ан­гаж­ман, тие не­ма­ат та­ква на­ме­ра – ги ре­ди Фрч­ко­ски сво­и­те за­го­во­ри ка­ко да се освои вла­ста.

Ова, пак, е тес­но по­вр­за­но со че­твр­та­та ви­зи­ја ка­ко да се дој­де до вла­ста:

 

Ви­зи­ја 4

Соз­да­ва­ње ко­а­ли­ци­ја без ВМРО- ДПМНЕ

Ко­а­ли­ци­ја на власт пра­ви тој што мо­же, а не тој што до­бил два-три пра­те­ни­ка по­ве­ќе, ги по­ду­чу­ва Фрч­ко­ски во СДСМ, ве­ро­јат­но пот­пи­рај­ќи се на искус­тво­то од ра­ни­те де­ве­де­сет­ти го­ди­ни на ми­на­ти­от век.

– Та­ка, це­ла­та при­каз­на оди кон тоа да се фор­ми­ра по­го­ле­ма ко­а­ли­ци­ја, да­ли ќе би­де со по­бед­нич­ка­та СДСМ, да­ли со СДСМ со сли­чен број на гла­со­ви со ВМРО- ДПМНЕ, важ­но со еден по­го­лем блок пар­тии, што е до­бро…

– Це­ла­та оваа ком­би­на­ци­ја не се пра­ви за вмров­ци­те да оста­нат на власт, ту­ку за да за­вр­ши оваа на­ша гол­го­та и на­ша­ва ди­кта­ту­ра – зак­лу­чу­ва Фрч­ко­ски.

 

Есап без ме­ан­џи­ја

Свес­ни за реј­тин­гот, свес­ни за под­др­шка­та што ја ужи­ва ВМРО-ДПМНЕ, свес­ни за од­во­е­но­ста од на­ро­дот и ве­ќе поз­на­ти­от ре­зул­тат од из­бо­ри­те ду­ри и на че­ти­ри ме­се­ци пред по­че­то­кот на офи­ци­јал­на­та кам­па­ња, СДСМ по­втор­но се пот­пи­ра на ста­во­ви­те и на пред­ви­ду­ва­ња­та на Фрч­ко­ски.

СДСМ и ни­ко­гаш не го гле­дал на­ро­дот ка­ко фа­ктор за до­не­су­ва­ње по­ли­тич­ки од­лу­ки во др­жа­ва­та. Ни­ту за соз­да­ва­ње­то по­ли­тич­ка пла­тфор­ма. Не­ли, на­ро­дот е во пра­во ду­ри и ко­га гре­ши. Пот­пи­рај­ќи се на мен­то­ри ка­ко Фрч­ко­ски, во СДСМ сѐ уште сме­та­ат де­ка нив­ни­те глав­ни ри­ва­ли, тие што 10 (и со бу­кви ДЕ­СЕТ) го­ди­ни не мо­же да ги сим­нат од власт, не би мо­же­ле да „изв­ле­чат три авто­бу­си под­др­жу­ва­чи“!?

Ако се спо­ре­ди тоа што го за­го­ва­ра СДСМ пре­ку Фрч­ко­ски, ВМРО- ДПМНЕ на пос­лед­ни­те пре­бро­ју­ва­ња има­ше по­ве­ќе од 200.000 гла­со­ви раз­ли­ка. На пос­лед­ни­от ми­тинг за под­др­шка на ВМРО- ДПМНЕ се со­браа 100.000 гра­ѓа­ни-гла­са­чи.

Не бе­ше мно­гу по­треб­но за гра­ѓа­ни­те да се по­тсе­тат на вре­ме­то на вла­де­е­ње на СДСМ. Са­мо за де­се­ти­на де­на во фо­тел­ја­та на тех­нич­ки­от по­мош­ник-ми­ни­стер во се­кто­рот фи­нан­сии, це­ла др­жа­ва ста­на на но­зе по­ра­ди за­ка­ни­те за по­втор­но доц­не­ње на пен­зи­и­те, пла­ти­те, на­до­ме­сто­ци­те.

Исто­вре­ме­но, ли­де­рот на СДСМ, шти­те­ни­кот на Фрч­ко­ски, во са­мо еден ден вле­зе во конф­ликт со бан­кар­ски­от се­ктор, со ме­ди­у­ми­те, со јав­но­ста. Не тре­ба мно­гу за по­тсе­ту­ва­ње ка­ква по­ли­ти­ка кре­и­ра­ше СДСМ ко­га, ка­ко и се­га, ја си­лу­ва­ше де­мо­крат­ска­та вол­ја и ја пре­зе­ма­ше вла­ста.

Иа­ко Фрч­ко­ски за­го­ва­ра де­ка ќе е по­тре­бен долг пер­и­од за „ле­ку­ва­ње“, Ма­ке­до­ни­ја се ле­ку­ва ве­ќе це­ла де­це­ни­ја. И во тој пер­и­од си­те из­бор­ни по­ра­зи на СДСМ, на си­те ни­воа, по­ми­наа без нор­мал­но, де­мо­крат­ско при­фа­ќа­ње на из­бор­на­та вол­ја на гра­ѓа­ни­те. За­тоа, из­лиш­но е да се ко­мен­ти­ра­ат збо­ро­ви­те на Љ.Д. Фрч­ко­ски, ми­ни­стер во вре­ме­то на ТАТ, атен­тат врз пре­тсе­да­тел на др­жа­ва, по­ли­ци­ско те­па­ње во Го­сти­вар, шверц, кри­ми­нал­на при­ва­ти­за­ци­ја, по­ста­ву­ва­ње сто­ти­ци су­дии во еден ден, на­ло­жу­ва­ња на ме­ди­у­ми­те да ја оцр­ну­ва­ат ВМРО-ДПМНЕ ка­ко не­при­ја­тел на на­ро­дот, де­ка „еле­мен­тар­но сме за­бо­ра­ви­ле ка­ко функ­ци­о­ни­ра…“

– …Не е са­мо про­ме­на на вла­ста, не е са­мо нор­мал­ни лу­ѓе да дој­дат во по­ли­ти­ка­та, нор­мал­но да вла­де­ат, ко­га ќе за­гу­бат да одат во опо­зи­ци­ја, ко­га ќе по­бе­дат да дој­дат на власт, вос­пи­та­но, да не кра­дат, да не мал­тре­ти­ра­ат су­дии, нај­нор­мал­но, еле­мен­тар­на ра­бо­та… – рас­ка­жу­ва Фрч­ко­ски при­каз­ни.

Вре­ме­то на Фрч­ко­ски и на не­го­ви­те „про­е­кти“ е да­ле­ку во исто­ри­ја­та. Вре­ме е и СДСМ, по но­ви­от из­бо­рен по­раз, и не­го да го за­тво­рат ка­ко не­про­ду­кти­вен „про­ект“. И еле­мен­тар­но да се вра­тат на ра­бо­та на пи­шу­ва­ње „ви­зи­ја“.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 170. број на неделникот „Република“, 4.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top