| четврток, 6 декември 2018 |

На лагата и се куси нозете, а на „спасителот“ реjтингот…

Ка­ко ќе поз­на­е­те де­ка опо­зи­ци­ски­от чел­ник ла­же? Мно­гу ед­но­став­но – му се мр­да­ат ус­ни­те. Оваа оп­штес­тве­на ди­јаг­но­за за ли­де­рот на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја се на­мет­на мно­гу при­род­но, а уште по­не­ви­но е што тој са­ми­от си ја по­ба­ра. Со бо­рин­че... Из­ла­жа и во Љуб­ља­на, а пред тоа бе­ше Тел Авив. Во СДСМ се ше­гу­ва­ат де­ка со­вет­ни­ци­те му го зе­ле и му скри­ле па­со­шот. За се­кој слу­чај, пре­вен­тив­но…

Не­го­ви­те „не­при­ја­те­ли“, ка­ко што тој ги на­ре­ку­ва но­ви­на­ри­те, не мо­раа да се ма­чат за да му го на­мет­нат оре­о­лот на пиш­ман-по­ли­ти­чар. Дру­ги ќе ре­чат и лаж­го, не­ли. Не­ви­но и при­род­но се на­ме­сти са­ми­от. Исто ка­ко што и комп­ју­тер­џи­и­те што ра­бо­тат во „не­при­ја­тел­ски­те“ ме­ди­у­ми не мо­ра­ат да се ма­чат за да пра­ват фо­то­мон­та­жи на опо­зи­ци­о­не­рот – се­којд­нев­на деј­ност и ма­ка на Со­ро­со­ви­те че­да и глас­ни­ци за вла­ди­ни­те прет­став­ни­ци. За жал на За­ев и, во­ед­но, за го­ле­ма ра­дост на гра­фич­ки­те ди­зај­не­ри, тој е не­пре­су­шен из­вор на мо­ти­ви и лик кој по­сто­ја­но во јав­но­ста из­ве­зу­ва ло­шо на­ме­сте­на фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја. Не е ви­но­вен чо­ве­кот што не мо­же да ја скрие ма­ка­та во ко­ја се на­о­ѓа и не­вре­ме­то што го снаш­ло, ќе ре­чат потс­меш­ли­ви­те ду­ше­гриж­ни­ци, а дру­ги­те ќе иско­мен­ти­ра­ат де­ка изра­зот откри­ва де­ка во гр­да­та по­ли­тич­ка кон­сте­ла­ци­ја, се­пак, го на­ме­сти­ле. Па ду­ри и во мо­мен­тот ко­га ќе ги иско­ри­сти­те си­те збу­не­ти фо­то­гра­фии на ли­де­рот за илу­стра­ци­ја, не­ма­те проб­лем. Се­ко­гаш ви оста­ну­ва­ат де­сет­те ре­зерв­ни ли­ко­ви што рев­нос­ни­от стру­ми­ча­нец ги оди­гра на род­ни­от кар­не­вал. А из­бо­рот е го­лем, исто ка­ко и ла­ги­те. Дра­ку­ла, Оган, Сул­тан, Са­му­рај и што ли не дру­го. Се­ри­о­зен по­ли­ти­чар не би си доз­во­лил ва­ков лу­ксуз, но кој мис­лел де­ка ќе до­тур­ка до­ту­ка? Ни тој са­ми­от, ве­ро­јат­но.

Адолф Хит­лер, чо­ве­кот чии ус­лу­ги СДСМ ги ко­ри­сти и по це­ли се­дум­де­сет го­ди­ни, или по­до­бро ка­жа­но, ус­лу­ги­те и де­ла­та на не­го­ви­от стра­тег и соз­да­тел на „Го­ле­ма­та ла­га“ – Ге­белс, пред осум­де­сет го­ди­ни има ре­че­но: „Се­ри­о­зен по­ли­ти­чар не смее да си доз­во­ли да би­де сни­мен ни во пе­њо­ар“. За жал, со­вре­ме­ни­те ма­ке­дон­ски ко­рис­ни­ци на Ге­бел­со­ви­те изу­ми не про­чи­та­ле ни­што по­ве­ќе од ре­цеп­тот за соз­да­ва­ње на го­ле­ма­та ла­га. А ни неа не ја раз­бра­ле, осо­бе­но по­ра­ди ана­хро­но­ста и не­со­од­вет­ству­ва­ње­то со де­неш­но­то вре­ме и ус­ло­ви. И та­ка, на­ро­дот ги про­чи­та, пак… А со­се­ма слу­чај­но, не­го­ва­та бла­ма­жа и би­тка со „не­при­ја­тел­ски­те“ ме­ди­у­ми, бан­ки и сѐ што ди­ше и раз­мис­лу­ва по­и­на­ку од нив во зем­ја­ва, уште пр­ви­от ден на­и­де на спо­ред­ба со Хит­ле­ро­ва­та на­луд­ни­ча­ва ре­ак­ци­ја по па­дот на Бер­лин?!

 

analiza170-3

analiza170-2Зо­што со­пар­тиј­ци­те му го скри­ле па­со­шот на ли­де­рот­­­?

„Во де­неш­но вре­ме, сѐ е сме­не­то. Се­га, лу­ѓе­то се­ри­оз­но ги сфа­ќа­ат ко­ми­ча­ри­те, а им се сме­ат на по­ли­ти­ча­ри­те“. Проб­ле­мот со оваа мис­ла на ко­ми­ча­рот Вил Ро­џерс е што е ста­ра еден век, а по си­ла на при­ли­ки­те се­га во Ма­ке­до­ни­ја ја во­скрес­на ток­му опо­зи­ци­ски­от ли­дер и ко­ми­чар, кој не­ма-не­ма, па ќе из­ла­же и истре­се не­ко­ја зе­ле­на. За за­ба­ва на на­род­ни­те ма­си, не од фрој­дов­ски­от комп­лекс, не­ли. Ши­ре­ње­то на ле­пе­за­та ла­ги и по­сто­ја­но­то са­мо­де­ман­ти­ра­ње, бу­квал­но, ста­на се­којд­нев­је и знак на пре­поз­на­ва­ње на по­ли­ти­ча­рот кој во по­мал­ку од де­вет ме­се­ци ка­жа ду­зи­на те­шки ла­ги. Да не збо­ру­ва­ме и за лап­су­си­те по кои бе­ше поз­нат – за по­ве­ќе­то та­тков­ци, за кар­те­ли­те во Јуж­на Афри­ка, за пре­и­ме­ну­ва­ни­от прв ма­ке­дон­ски ро­ман, за нус­про­из­во­дот на­ре­чен из­бо­ри и мно­гу, мно­гу дру­ги цр­ни би­се­ри. Во по­но­во вре­ме, лап­су­си­те за­ми­наа во зад­ни­на на не­го­ви­от израз, слич­но ка­ко и по­сто­ја­на­та нар­ци­со­ид­на упо­тре­ба на тре­то ли­це ед­ни­на за се­бе, ко­ја, се­пак, не мо­же а да не ја иско­ри­сти по ма­кси­мум вто­ро­то пра­ша­ње на ин­терв­ју или на прес-кон­фе­рен­ци­ја.

На­ро­дот, пак, ве­ќе на­и­зуст ги знае не­го­ви­те ла­ги за не­поз­на­ва­ње­то на Ве­ру­шев­ски, не­ма­ње­то сред­би со пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, из­во­рот на сни­ме­ни­те раз­го­во­ри кој за еден ден ми­на три адре­си. Се се­ќа­ва­те и де­ка Ми­јал­ков и Гру­ев­ски ги не­ма­ше, де­ка би­ле на­ра­ча­те­ли, па се из­нас­лу­шав­ме нив­ни раз­го­во­ри со прет­хо­ден на­ра­тив на мур­тин­ски­от спа­си­тел. Ту­ка е и фа­моз­на­та број­ка на исти­те тие раз­го­во­ри, ко­ја ва­ри­ра­ше спо­ред по­тре­би­те, но и бла­ма­жа­та со „пу­ка­ње­то на бом­би­те“ ко­ја тре­ба­ше да трае 45 де­на, а за­вр­ши по шест ме­се­ци. И вла­да­та „из­др­жа“ 14 ме­се­ци на­ме­сто да пад­не за три де­на. Пад­на са­мо реј­тин­гот на За­ев, од, и она­ка, ми­нор­ни­те се­дум на уште по­ма­ли пет про­цен­ти.

Да, факт е и де­ка при се­кое ин­терв­ју па­ѓа­ше и но­ва ла­га и лап­сус-лин­гва, но нај­ло­ша­та при­каз­на ис­пад­на Изра­ел, ба­рем до оде­ње­то во Сло­ве­ни­ја. То­гаш ла­же­ше за ме­ѓу­др­жав­ни од­но­си, а го де­ман­ти­ра­ше ток­му Изра­ел. Три­па­ти. Нај­но­ва­та ше­га во се­ди­ште­то на СДСМ е де­ка па­со­шот не му го од­зе­ла вла­ста, по­ра­ди „Пуч“ и слу­ча­јот со ми­то, ту­ку де­ка ток­му не­го­ви­те со­вет­ни­ци (и срп­ски и ма­ке­дон­ски) му го од­зе­ле и му го скри­ле па­со­шот за да не му пад­не на ум слу­чај­но по­втор­но да за­ми­не не­ка­де и да трес­не уште не­ко­ја глу­пост, ко­ја по­тоа тие ќе мо­ра­ат да ја де­ман­ти­ра­ат и да ја уб­ла­жу­ва­ат. Дру­га­та ше­га е де­ка со­пар­тиј­ци­те се отка­жа­ле од иде­ја­та за ко­ри­сте­ње по­ли­граф до­де­ка тој збо­ру­ва со нив, за вна­треш­на упо­тре­ба. Ќе тре­ба­ло се­којд­нев­но да ги ме­ну­ва­ат све­тил­ки­те и си­ре­на­та, а па­ри­те се­га се на­со­че­ни кон из­бо­ри…

 

analiza170-4

За­е­ви­от прин­цип: пу-пу, не ва­жи…

Нај­но­ва­та не­бу­ло­за е мо­же­би и нај­бол­на, ба­рем од ма­ке­дон­ска, на­ци­о­нал­на глед­на точ­ка. За­ев, не­го­ви­те со­пар­тиј­ци и „про­фе­си­о­нал­ни­те“ ме­ди­у­ми за­ед­нич­ки го оди­граа ан­ти­на­ци­о­нал­но­то „ку­ма­нов­ско“ оро во кое играа на кар­та­та на пре­диз­ви­ку­ва­ње ме­ѓу­на­ци­о­нал­ни проб­ле­ми и ди­ле­ми кај на­ро­дот. Бе­скру­пу­лоз­на­та ше­ма за­поч­на уште ден­та, во екот на по­ли­ци­ска­та ак­ци­ја во ко­ја за­ги­наа осум при­пад­ни­ци на бзбед­нос­ни­те си­ли. И до­де­ка тие ги­неа за Ма­ке­до­ни­ја, опо­зи­ци­ски­те про­фе­си­о­нал­ци из­ве­сту­ваа за не­по­сто­еч­ки ци­вил­ни жр­тви. На­ку­со, на оро­то се прик­лу­чи и Аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да со не­бу­лоз­но со­оп­ште­ние за исто­то, за кое ни­ко­гаш не ѝ се из­ви­ни­ја на ма­ке­дон­ска­та јав­ност, исто ка­ко и ме­ди­у­ми­те спон­зо­ри­ра­ни од нив­ни­от „фи­лан­троп“ Со­рос. При­каз­на­та, пак, на За­ев и Ди­во на­се­ље е мо­же­би и нај­кон­тро­верз­на­та до­маш­на по­ли­тич­ка при­каз­на. Во оваа опо­зи­ци­ска дра­ма на ап­сур­дот, во ко­ја во исти­от мо­мент со ку­ма­нов­ска­та те­ро­ри­стич­ка са­га, гра­ѓа­ни­те се пра­шу­ваа да­ли За­ев ќе ги пре­ки­не „бом­би­те“ де­не­ска, утре, а мо­же­би и вче­ра, сод­ци­јал­де­мо­крат­ски­от чел­ник ја оди­гра нај­ан­ти­на­ци­о­нал­на­та уло­га во, и она­ка, кон­тро­верз­на­та ка­ри­е­ра.

На вто­ри­от ден жа­лост, исти­от тој ли­дер нас­ме­ан се фо­то­гра­фи­ра­ше со жи­те­ли­те на Ди­во на­се­ље. Тој ден, Ма­ке­до­ни­ја та­гу­ва­ше по сво­и­те осум си­на, а тој се сме­е­ше на фо­то­гра­фи­и­те?! Ток­му Јо­хан Тар­чу­лов­ски му по­ра­ча де­ка и Ше­ќе­рин­ска би­ла по­го­лем маж од не­го. Не­кол­ку де­на по­доц­на из­ја­ви де­ка ак­ци­ја­та би­ла фин­ги­ра­на, а мо­ти­ви­те за ва­кви­те из­ја­ви ги обе­ло­де­ни во ин­терв­ју­то за ко­сов­ска­та РТК, ка­де што со не­бу­лоз­ни­те ве­ту­ва­ња, ме­ѓу ре­до­ви, обе­ло­де­ни де­ка се под­го­тве­ни и на фе­де­ра­ли­за­ци­ја, сѐ са­мо за да ја до­би­јат под­др­шка­та на ДУИ. При­каз­на­та за на­вод­на­та фин­ги­ра­ност СДСМ и ли­де­рот ја скло­пи­ја во рам­ки на оста­на­ти­те де­ло­ви на го­ле­ма­та ла­га. Та­ка и сто­е­ше за­ед­но со на­ра­ти­вот на ла­ги­те за Смиљ­ков­ско­то Езе­ро, за Мла­де­нов, за Ве­ли­ја и за Љу­бе. Го иско­ри­сти­ја пер­фид­но бу­квал­но се­кој про­стор за из­вр­ту­ва­ње и за соз­да­ва­ње страв од „ре­жи­мот“. Чув­ства­та на род­ни­ни­те на вме­ша­ни­те во слу­ча­и­те, очиг­лед­но, не­ко­му не му се бит­ни.

 

analiza170-5

Љуб­ља­на го „отво­ри“ ли­де­рот

Ли­де­рот, чие хо­би очиг­лед­но е ка­жу­ва­ње го­ле­ма ла­га и неј­зи­но са­мо­де­ман­ти­ра­ње под вли­ја­ние на фрој­дов­ски­от комп­лекс, из­др­жа да не ја из­да­де ку­ма­нов­ска­та ла­га до пред ед­на не­де­ла. Пук­на и го „отво­ри“ по­се­та­та на Љуб­ља­на по по­ка­на на кон­тро­верз­ни­от ин­сти­тут ИФИ­МЕС, поз­нат по ме­сте­ње­то ан­ке­ти по на­рач­ка. Та­му, За­ев си приз­на де­ка Ди­во на­се­ље бил те­ро­ри­стич­ки акт, кој го спо­ре­ди со слу­чу­ва­ња­та во Па­риз. Из­не­се и по­да­то­ци де­ка на стра­на­та на те­ро­ри­сти­те во Ку­ма­но­во дејс­тву­ва­ле по­врат­ни­ци од Си­ри­ја. Приз­на и се за­ко­па.

Чи­нот, мо­же­би, и не­ма­ше да би­де тол­ку не­во­о­би­ча­ен и чу­ден до­кол­ку ова не се слу­че­ше на три­би­на ор­га­ни­зи­ра­на ток­му од ИФИ­МЕС, ин­сти­тут кој спо­ред ти­раж­ни­от љуб­љан­ски „Ре­пор­тер“ по­ра­ди сво­и­те про­ис­ла­ми­стич­ки ста­во­ви е под оп­сер­ва­ци­ја на Сло­ве­неч­ка­та кон­тра­ра­зуз­на­вач­ка без­бед­нос­на аген­ци­ја?! Осо­бе­но нај­из­ви­ка­ни­те двај­ца чел­ни­ци. Во пре­вод, За­ев, гре­шеј­ќи по на­ви­ка и по не­ин­фор­ми­ра­ност, кај сво­и­те про­ис­ла­ми­стич­ки до­ма­ќи­ни ги на­па­ѓа­ше ис­ла­ми­сти­те и, ко­неч­но, ја ка­жа „Ви­сти­на­та за Ма­ке­до­ни­ја“. А таа ви­сти­на е мно­гу ед­но­став­на и ка­жу­ва де­ка опо­зи­ци­ја­та фор­си­ра и про­мо­ви­ра ед­на го­ле­ма ла­га за др­жа­ва­та и за со­стој­би­те во неа. Кон­цеп­тот им го ру­ши, кој друг, ако не За­ев, на кој од­вре­ме-на­вре­ме ќе му се ис­пу­шти и „не са­кај­ќи“ ќе ја ка­же „ви­стин­ска­та“ ви­сти­на, не онаа фин­ги­ра­на­та и соз­да­де­на во се­ди­ште­то на СДСМ или во бел­град­ска­та со­ле­но пла­те­на аген­ци­ја.

Но, опо­зи­ци­ска­та бур­ле­ска не за­вр­ши ов­де. Про­дол­жи во Скоп­је, ка­де што не­кол­ку де­на по на­ле­тот на искре­ност, ли­де­рот се пре­мис­ли и по на­ви­ка, по­втор­но се ис­пра­ви и се са­мо­де­ман­ти­ра­ше. По во­ста­но­ве­ни­от и љу­бен прин­цип кој ве­ќе го до­би не­го­во­то име – „За­ев прин­цип“ или „пу-пу, не ва­жи“, тој си ка­жа де­ка се вра­ќа на ста­вот за на­вод­на­та ме­стен­ка. Се­пак, са­мо­де­ман­тот пад­на во сен­ка на не­го­ва­та но­во­о­тво­ре­на вој­на со ме­ди­у­ми­те, но­ви­на­ри­те, бан­ки­те и што ли не. Ра­зо­ча­ру­ва­ње­то од не­ус­пе­хот на бло­ка­да­та на пен­зи­и­те, го „отво­ри“ СДСМ, кој по­втор­но, ка­ко и се­ко­гаш, ви­на­та ја ви­де во си­те и во сѐ, освен во се­бе. Во па­ни­ка од екс­прес­но­то уки­ну­ва­ње на ве­то­то на Ки­ре На­у­мов и од про­па­ста на но­ва­та аген­да ко­ја тре­ба­ше да удри со но­ва ла­га за на­вод­на­та ло­ша еко­ном­ска со­стој­ба, се­ктор и сег­мент кој, нај­ве­ро­јат­но, ток­му Ср­би­те го оце­ни­ле ка­ко нај­ло­ша точ­ка на СДСМ, а нај­си­лен факт на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја. Се­пак, пра­ша­ње на вре­ме е ко­га За­ев ќе го приз­нае и ова, би­деј­ќи, спо­ред Фројд, лап­сус-лин­гва­та има про­сто об­јас­ну­ва­ње: Она што го но­си­те и го по­тис­ну­ва­те во се­бе, ед­но­став­но из­ле­гу­ва од вас. Во Љуб­ља­на, во Тел Авив, во Бри­сел, во Скоп­је…

 

aco-stankovski-520Стан­ков­ски: Стру­мич­ки­от Мин­ха­у­зен има ид­ни­на ка­ко кловн во цир­кус

Ше­фот на опо­зи­ци­ја­та е лич­ност на ко­ја по­ве­ќе ѝ при­ле­га да би­де ди­ре­ктор на не­кој цир­кус што се за­ни­ма­ва со за­ба­ва за иди­о­ти, ве­ли умет­ни­кот и ко­лум­нист, Ацо Стан­ков­ски. Тоа не би бил цир­кус со искус­ни ар­ти­сти и со автен­тич­ни жи­вот­ни дре­си­ра­ни спо­ред прин­ци­пи­те на бе­сти­јанс­тво­то, по­тен­ци­ра тој, ту­ку со чо­веч­ки су­штес­тва чии мен­тал­ни и ду­шев­ни стру­кту­ри се оку­пи­ра­ни од де­мон­ски си­ли, што про­из­ле­гу­ва од из­гу­бе­ни­те за­штит­ни ме­ха­низ­ми на ду­хот – отсус­тво на мо­рал, отсус­тво на есте­ти­ка, отсус­тво на ви­сти­но­љу­би­вост и огром­на, ре­чи­си ѕвер­ска страст за власт.

СТАН­КОВ­СКИ: Не­го­во­то но­тор­но и па­то­ло­шко ла­же­ње го­во­ри де­ка тој не­ма са­мо оп­штес­твен проб­лем, ту­ку де­ка се ра­бо­ти за не­ка­ква ду­шев­на со­стој­ба ко­ја це­ло вре­ме би­ла ве­што при­кри­ва­на. Та­ков чо­век, се­ка­ко, не са­мо што не мо­же да пре­тен­ди­ра за по­ли­тич­ка функ­ци­ја, ту­ку не тре­ба ни да по­мис­ли да се за­ни­ма­ва со по­ли­ти­ка.

Ние сме ху­ма­но оп­штес­тво и до­кол­ку са­ка, овој стру­мич­ки Мин­ха­у­зен мо­же да нај­де ме­сто во дру­ги­те сфе­ри на оп­штес­тве­но дејс­тву­ва­ње, ка­ко што е, на при­мер, ин­ду­стри­ја­та за за­ба­ва, ка­ко кловн во цир­кус или ка­ко стенд-ап ко­ми­чар во ло­кал­ни­те, ко­му­њар­ски ка­фе­а­ни.

Ма­ке­дон­ски­от на­род ве­ќе де­фи­ни­тив­но про­ник­на во не­го­ва­та ла­жов­на и ши­зо­фре­нич­на стру­кту­ра. По­ра­ди си­те не­го­ви ла­ги и де­струк­ци­ја, оче­ку­вам тој и не­го­ва­та пар­ти­ја да би­дат же­сто­ко каз­не­ти од исти­от тој ма­ке­дон­ски на­род на из­бо­ри­те што тре­ба да се одр­жат во април, се­ка­ко, до­кол­ку се одр­жат.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 170. број на неделникот „Република“, 4.12.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top