| четврток, 6 декември 2018 |

Бетонска плоча уби гостиварец

Четириесет и шестгодишен гостиварец се здобил со повреди од кои подоцна починал откако врз него паднала бетонска плоча од куќа што се реконструирала.

Несреќата се случила вчера околу 16 часот кога 46-годишниот А.А. како сопственик на фирмата што ја правела реконструкцијата, го следел уривањето.

Повредениот бил пренесен во болница каде што лекарите констатирале смрт.

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител по што е издадена наредба за обдукција врз телото на починатиот.

Во Гостивар годинава се регистрирани 13 случаи на повреда при работа, а три се со смртни последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top