Базел и Фенербахче ќе дебитираат во полуфинале од европските купови, откако вечерва ги елиминираа Тотенхем, односно Лацио. Во завршницата се и Челси кој во двомеч беше подобар од Рубин и Бенфика која го исфрли од игра Њукасл.
Неколку минути по полноќ, Базел славеше историски триумф против Тотенхем, дури по серијата пенали. Во регуларниот дел реваншот на „Сент Јакоб“ заврши со резултат 2-2, исто како и на првиот дуел во Лондон. Салех и Драговиќ беа прецизни за домаќините, а Демпси ги даде двата гола за Тотенхем. Во дополнителните 2х15 минути мрежите мируваа, па пенал серијата одлучуваше кој ќе оди во полуфиналето. Играчите на Базел беа непогрешливи, за разлика од гостите кои промашија двапати од 11 метри. Ударот на Хаделстон го одбрани Зомер, а Адебајор шутираше над голот, за големо славје на Базел.
szólj hozzá: Basel vs Tottenham 3-2 MATCH HIGHLIGHTS
Актуелниот првак Челси прв се пласираше во завршницата, иако претрпе пораз од 2-3 во Москва против Рубин. Решавачка беше предноста од 3-1 по првиот меч, па тимот од Лондон ќе атакува на историски подвиг и втора едноподруго титула, по ланската од Лигата на шампионите. Ако успеат да слават и во Лигата на Европа „сините“ ќе бидат првиот тим со таков подвиг.
Со реми од 1-1, во реваншите понатаму одат Бенфика и Фенербахче. Португалскиот гигант издржа во Англија, на гостувањето кај Њукасл, иако на 20 минути пред крајот губеше со 0-1. Салвио во последните моменти со гол ги разреши сите дилеми. Првиот дуел Бенфика го доби со 3-1. Слично беше и во Рим, а надежите на Лацио ги урна Фенербахче. Домаќините поведоа по еден час игра со голот на Лулиќ, но Еркин израмни за прво европско полуфинале на тимот од Истанбул. Првиот натпревар го доби Фенербахче со 2-0.
Ждрепката за полуфиналните двојки е утре од 12 часот во Нион, заедно со извлекувањето на паровите за Лигата на шампионите. Таму во игра за трофејот останаа Барселона, Реал Мадрид, Баерн и Борусија Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


