| четврток, 6 декември 2018 |

Не сме Маџупи туку Роми – протест до Мендух Тачи

 

Политичката партија на Обединити Демократски Сили на Ромите денеска реагираше на изјавата на лидерот на ДПА  кој ги навредил Ромите во своја изјава.

Во реакциајта на партијата се вели: „Во вашата изјава дадена вчера на 10.04.2013 година на прес конференцијата за резултатите на одржаните локални избори, на несоодветен и недостоен начин ги нарекувате Ромите, што најмалку очекуваме од човек кој е лидер на политичка партија. Во дел од Вашата изјава  споменувате …. ДУИ во овие избори има направено 100 илјади коалиции со Торбешите, Турците, со маџупите и  други…“

Поради тоа партијата му укажува на Тачи дека според уставот и законите на Република Македонија и од конференцијата одржана во 1971 година во Лондон во целиот свет оваа заедница е дефинирана  како Ромска заедница со дефиниран национален и културен идентитет….

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top