| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар убедлив против Силекс, Ивановски и Стојков постигнаа евроголови (видео)

ivanovski

Актуелниот македонски шампион Вардар, во вчерашниот дуел во Велес со убедлив триумф од 4-0 ја освои есенската титула со пет бодови предност на табелата пред Шкендија и ја оствари 13.победа оваа сезона.
Овој натпревар го одбележаа двата еврогола на Ивановски и Стојков во последните 20 минути од мечот. Претходно Грначаров го отвори резултатот уште во првото полувреме, а Стојков ја запечати судбината на Силекс во самиот финиш од натпреварот.
Силекс не беше без свои шанси кои не ги реализира за да го направи натпреварот поинтерсен.

Во останатите натпревари, Брегалница славеше над Ренова со 3-2, Шкендија беше убедлива со 4-1 против Шкупи, Младост Царев Двор минимално со 2-1 беше поуспешен од Хоризонт Турново, додека натпреварот меѓу Металург и Работнички заврши без голови.
Сега следува пауза во ПМФЛ се до февруари кога ќе започнат натпреварите од плејофот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top