Медиумската пропагандна машина на таканаречените „професионални“ медиуми финансирани од Сорос, кои отворено соработуваат со опозицискиот СДСМ „се закопа“ во новата афера со лажни лични карти кои биле употребени од власта за изборен грабеж. За силните обвинувања кон власта за изборни манипулации, весникот приложи во МВР 105 од наводните 30.000 фалсификувани лични карти добиени од непознат извор. Други докази за „изборните манипулации“ нема, и покрај тоа што весникот цврсто застана зад овие обвинувања. Со други зборови, сето останато во приказната е ветер и магла која многу наликува на онаа што ја продаваат српските стратези на односи со јавност на Заев. Дали аферата ќе финишира со кривична одговорност и кој ќе одговара пред законот за изработката на фалсификуваните лични исправи, очекуваме одговор од техничкиот министер, Оливер Спасовски. Но додека тој се двоуми што да одговори, се огласи заменик-министерот Митко Чавков, кој потврди дека лажните лични карти не биле користени за гласање, ниту пак биле во избирачкиот список. Ова е сериозна индикација дека станува збор за тешка медиумска манипулација, поради што полицијата нема друг избор освен целосно расчистување на случајот и откривање не само на фалсификаторите, туку и на нарачателите и на медиумските покровители на оваа афера.
„Независните“ медиуми на Сорос во изминатите месеци постојано ја лажеа јавноста со пласирање на полувистинити и на невистинити информации кои се однесуваат на сериозни настани и случувања. За сите нив заедничко е тоа што неаргументираните обвинувања се третираат како апсолутна докажана вистина. На истиот принцип овие медиуми информираа за бомбите на Заев и за нелегално прислушуваните телефонски разговори, за настаните во Куманово, за заднината на масакрот кај Смилковско Езеро…
Уште од самиот почеток на презентирањето на бомбите на Заев, медиумите на Сорос ги пренесуваа неговите обвинувања како апсолутна вистина без никаква експертска анализа, а спомнатите во разговорите се прогласуваа за виновници пред да се изјасни судот. Меѓу најголемите манипулации за оваа афера се тврдењата дека „власта прислушувала 20.000 граѓани“, иако сѐ уште никој не видел што поседува Заев. На народот му го переа мозокот опозициски „експерти“ кои со целиот свој кредибилитет тврдеа дека не е можно странци масовно да прислушуваат во Македонија. (Може во Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска…, но не и кај нас). Од друга страна пак, за овие медиумски манипулатори не се веродостојни видеоснимката на која Заев му се заканува на Груевски со странски служби, како и неговото писмо до Верушевски, во кое се повикува на помош од „надворешни пријатели“.
Истите тие Соросови медиуми наместо да трагаат по вистината за полициската акција во Куманово преку директни прашања до амбасадорите и до ОБСЕ, кои требале да го извршат извлекувањето на терористите, упорно и без никакви докази тврдат дека организатори на терористичкиот акт се македонските власти затоа што „некој од македонските служби имал контакти со некој од групата“. Овие медиумски платеници постојано „забораваат“ да спомнат дека со групата комуницирале уште три други странски служби. Неразбирливо е како никој од нив не се осмелува да се праша, ако Македонците ги местеле терористите, зошто странските шпиони не ги предупредиле и не ги спасиле навреме? Но, за да се дознае тоа, треба да се постават вистинските прашања и до властите и до амбасадорите на државите кои контактирале со нив. Очигледно дека и овој случај, според стратезите на Заев, треба да остане завиен во магла.
Од бомбите на Заев произлезе уште една опасна медиумска манипулација во врска со наводната вмешаност на власта во масакрот кај Смилковското Езеро. По речиси цела година, освен заканите дека Заев поседувал наводни телефонски снимки кои ги потврдуваат обвинувањата, никој никогаш не слушна ништо такво. Сепак, тоа не е пречка за „професионалците“ да продолжат да ги третираат шпекулациите како апсолутна вистина и да го навредуваат секој што не верува во лагите.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.