| четврток, 6 декември 2018 |

Оставка на Управата на ФК ПАртизан

partizanЦелата управа на фудбалскиот клуб Партизан си поднесе оставка по елиминацијата од Аугсбург во последното коло на Лига Европа, објави српското Б92.

Челниците на српскиот шампион се повлекле на барање на навивачите, кои веднаш по натпреварот скандираа „Управата надвор“

Партизан до 88 минута имаше поволен резултат, а потоа Раул Бобадиљо ја казни серијата промашувања на домаќините и во 88 минута го даде голот со кој германската екипа оди натаму во натрпеварувањето, заради подобра гол разлика од Партизан.

По натпреварот, тренерот Љубинко Друловиќ не се појави на прес- конфеенцијата, бидејќи бил на состанок со спортскиот директор. Сепак, се дознава дека не се разговарало за ставка туку како да се покачи моралот на екипата.

partizan2Синоќешниот резултат е само последен во лошата состојба- клубот е четврти во националната лига, заостанува 24 бода од лидерот Црвена Звезда, со низа лоши резултати во лигата.

Во седмиот настап во УЕФА лигата, Партизан имаше шанса по 11 години да се врати на европските терени, додека Аугсбург беше дебитант со историска можност да се пласира во нокаут фазата. Партизан на терен излезе со три бода разлика пред Германците и со резултат 3:1 од првиот дуел. Како предност се сметаше и  домашниот терен. На Партизан му одговараше дури и пораз од 2:0, но сепак, германскиот тим среде Белград ги „врати“ оние 3:1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top