Стравувањата од глобален нуклеарен конфликт почнаа да владеат не само со обичните луѓе, туку се почесто и со политички лидери и воени аналитичари. Трета светска војна почнува да се споменува во нивните изјави и анализи.
Комплицираната ситуација во Сирија и заострувањето на односите меѓу Русија и Турција, исто така го подгреваат стравот од нова светска војна. По нападите во Париз зборот војна се по тешко може да се избегне. Затоа и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, нападот го нарече акт на војна, воден од војска од терористи.
Папата Франциск исто така моменталната ситуација ја опиша како дел од почетокот на трета светска војна.
Рускиот претседател Владимир Путин по соборувањето на рускиот Су-24, им нареди на вооружените сили да се подготвуваат за трета светска војна.
Најголемата загриженост во моментов е дека при вклучувањето на две или повеќе од големите сили, кои имаат огромен нуклеарен арсенал, кој во моментов во светот се пресметува на приближно 17 000 атомски боеви глави, нема како да не го искористат.
Според воените проценки, таква војна би можела да биде започната случајно, агресивно, превентивно или како одмазднички удар. Под случајно се разбира заради техничка грешка, бидејќи САД и Русија имаат системи за рано предупредување, кои автоматски истрелуваат на ракетите уште пред да биде потврден нуклеарен напад, секаква тензија меѓу нив може да доведе до масовна нуклеарна војна во рок од 30 минути, без разлика каков бил повод.
Агресивна војна е кога една или повеќе нации, одлучуваат да користат оружје против нуклеарни, воени, индустриски или цивилни цели на противникот како прв удар.
Под превентивна војна експертите мислат на ситуација во која една или повеќе земји веруваат дека друга нуклеарна нација е на пат да користи атомско оружје, што исто така може да доведе до превентивен удар и да предизвика светски конфликт.
Одмазднички удар е користење на нуклеарно оружје како одговор на нуклеарен напад или друг вид напади, конвенционални, биолошки или хемиски оружја. Во тој случај се зборува за ограничена нуклеарна војна, но има многу голема веројатност секоја нуклеарна војна брзо да ескалира и да излезе надвор од контрола. Причината е дека во такви кошмарни сценарија секогаш важи принципот „ги користиш или ги губиш“, бидејќи ако не го користиш нуклеарното оружје, нема гаранција дека спротивната страна нема да го направи првиот чекор и да го уништи твојот арсенал.
Постојат шест сценарија за започнување на трета светска војна, но тешко дека тие се доволно детални. Американски, руски и воени стратези, одамна развиваат такви мрачни можности:
Сценарио 1
САД или Русија погрешно интерпретираат информации од нивните системите за безбедност и тоа доведува до напад со ракети со нуклеарни боеви глави. За жал оваа можност е многу реална, а и во минатото неколку пати за малку не станала причина за војна.
Сценарио 2
САД или Русија се закануваат или учествуваат во воена агресија против мала држава. Пример за ова може да биде ангажирањето на САД во конфликтот на Блискиот Исток или одбивањето за повлекување на руските војници од Грузија. Американците превентивно бомбардираат некои цели, што доведува до одмазда од страна на Русија врз европските сојузници на САД или Израел. Европа враќа на рускиот удар, а САД ја напаѓаат Кина, за да ги уништат сите нуклеарни залихи на потенцијални непријатели (уште од времето на студената војна американската воена стратегија вклучува водење војна на два фронта истовремено). Израел враќа против Русија и иницира акти на одмазда против исламските земји, така што со атомски бомби ги напаѓа нивните главни градови.
Сценарио 3
Израел да ги нападне иранските нуклеарни капацитети или Либан и Сирија, кои одвраќаат на ударот со масивни конвенционални ракети и дури со некои хемиски или биолошки оружја. Израел одговара со нуклеарни напади против арапите и Пакистан. Пакистан возвраќа и превентивно го напаѓа израелскиот сојузник Индија. Израел ја лансира опцијата „Самсон“ за казнување на арапски и муслимански држави. Овој таен план е именуван по библискиот лик кој ги руши столбовите на филистејски храм, за да падне покривот врз непријателите на евреите, иако под него загинува и самиот тој. Се претпоставува дека очајната одмазда е можна, дури и голем дел од територијата на Израел да е поразена, бидејќи нуклеарните оружја, кои ги поседува еврејската држава, може да бидат истрелани и од морето. При тоа е сосема можно руските регионални сили исто така да започнат со одмазднички мерки против Израел, но тој е сојузник на САД, затоа американците и нивните европски сојузници се вклучуваат во војната, така што удираат руски цели и истовремено се обидуваат да го неутрализираат нуклеарниот потенцијал на Кина. А самата Кина како одговор го користи остатокот од нуклеарните оружја против Русија, САД и Индија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Шефот на германската дипломатија предупредува на сериозна опасност од војна во 2018 година
-
Мрачни и блескави прогнози за 2018: Една земја целосно ќе се распадне