| четврток, 6 декември 2018 |

Мрачни и блескави прогнози за 2018: Една земја целосно ќе се распадне

Годината која не очекува ќе донесе голем раст на економијата во Индија, преговорите за Брегзит ќе бидат одложувани, а САД ќе се соочи со клучни избори.
Годината зад нас донесе возбудливи политички случувања. Последните 12 месеци бевме сведоци на настани кои ќе влијаат и на наредната година, а американското списание “Fortune” издвоило неколку предвидувања за 2018. година.
Списанието разговарало со експерти за да дознае што треба да се очекува во следната година на полето на политиката и бизнисот.

САД

Во САД Демократите ќе се соочат со избори за Претседавачкиот дом кој ќе се обидат да го преземат, но според предвидувањата на списанието – во тоа нема да успеат. Урбаните групирања ќе ги фаворизираат Републиканците до степен што на Демократите нема да им помогне ни малата поддршка на граѓаните за Доналд Трамп, а која изнесува помалку од 40 проценти.

Брегзит

Скандалот со сексуалното вознемирување во британскиот парламент и поделбите околу Брегзит ќе се соединат во сила доволно моќна да ја уништи владата на Тереза Меј. Џереми Корбин од Лабурантската партија ќе стане премиер на Велика Британија и ќе се обиде да ги заврши преговорите за Брегзит.

ЕУ и Антимонопол

Европската унија ќе ја наплати тешката казна на Google поради злоупотребата на својата доминација на Андроид системите. Исто така, ќе ги одбие предложените поправки на технолошкиот гигант во своите други случаи поради местењето на резултатите за купување.

Внатрешен напад на ЕУ

Најверојатниот резултат на изборите на почетокот на 2018. година во Италија ќе биде коалиција меѓу Демократска партија и Форца Италија. Меѓутоа, евроскептичното движење Пет Ѕвезди ќе мине добро на изборите. Неговиот популистички лидер, 31-годишниот Луиџи ди Мајо, сака да исфрли многу од правилата на ЕУ. Во меѓувреме, каталонскиот сепаратистички лидер, Карлес Пучдемон, ќе биде осуден за бунт во Шпанија.

Раст на индиската економија

Светската економија би требало скромно да расте во 2018. година, но во Индија ќе се случи бум. По растот од 7,1 процент во 2016. година и прогнозираниот раст од 6,7 во 2017. година, се очекува индиската економија наредната година да забележи раст од 7,4 проценти, благодарение на демонетизацијата. Наспроти тоа, се очекува и дека економијата на Кина ќе порасне за 6,5 проценти. Индија ќе биде најбрзо растечка голема економија која ја следи ММФ.

Цената на нафтата

Саудиските политички превирања и повремени летни олуји во 2018. година ќе придонесат за бранување на цената на нафтата. Но, нафтата во САД ќе го поткрепи домашното снабдување, што ќе влијае и на падот на цената на нафтата.

Кинески милијардери

Вo кина веќе има повеќе милијардери отколку во САД. И, како и кинеската економија, тој тренд изгледа е подготвен да го продолжи својот голем раст. Кинеските милијардери ќе имаат добра година.

извор: Точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top