| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија загуби од Италија во квалификациите за СП 2016

makedonija futsal

Македонската футсал репрезентација во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2016 година што ќе се игра во Колумбија, високо е поразена од домаќинот на групата Италија со 6-1.
Избраниците на селекторот Скендеровски беа достоен противник само во првите 20 минути, кога на полувремето се заминаа со само еден гол негатива.
Во вториот дел македонските репрезентативци ја осетија сета сила на Италија и по само три минути примија два гола. Јапа и Алекс Мерлим, додека Адријан Мицевски намали за Македонија во 24-тата минута. До крајот на натпреварот „аѕурите“ уште три пати стрелаа во нашата мрежа преку Канал, Габриел Лима и Патиас за конечни 6-1.
Во рамки на нашата група Словачка славеше против Молдавија со 3-1. Македонија утре од 18 часот игра против Словачка, натпревар кој е реално најважен за нас во трката за второто место во групата 7.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top