На најдобар можен начин, кога им беше неопходно, „топчиите“ си ги продолжија настапите во Лигата на шампионите со убедливата победа над Олимпијакос во Атина.
– Игравме совршено. Имавме совршен перформанс, но и тактички бевме без грешка. Ова е победа на комплетниот тим. Ни беше неопходно да покажеме карактер и успеавме во тоа, а вакви победи може само да не направат уште посилни – оцени Венгер веднаш по синоќешниот меч, истакнувајќи колку овој успех му значи:
– После сите изгубени играчи оваа победа е уште повеќе позначајна. Ова, без сомнение, е еден од моите најдобри европски резултати.
Венгер не заборави да оддаде посебно признани за тројниот стрелец, Жиру.
– Играше фантастично. Секогаш го бранев него и неговиот карактер, и сега мило ми е што покажа дека е голем победник – додаде Венгер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.