| четврток, 6 декември 2018 |

Харден одигра феноменален меч, Минесота во драматична завршница славеше над Лејкерс (видео)

minesota

Најдобриот меч во синоќешната програма од 10 натпревари во НБА лигата беше одигран во Минесота каде домашната екипа славеше над ЛА Лејкерс по две продолженија со 123-122.
Најдобар во редовие на Минесота беше Кевин Мартин кој постигна 37 поени, додека Таунс заврши со 26 поени и 14 скока. Кај Лејкерси, Расел постигна 23 поени, а Рендл дополни со 20 поени. Коби Брајант на крајот заокружи на 11 постигнати поени.

Петтиот пораз во сезоната го доживеа Сан Антонио и тоа во Торонто. ДеМар ДеРозан ги предводеше Репторси со 28 поени, 4 скока и 6 асистенции, а Лаури реализираше 19 поени. Кај Сан Антонио, Џинобили уфрли 17 поени, а Олдриџ – 13 поени.

Џејмс Харден одигра брилијантна партија во победата на Хјустон над Вашингтон на гостински терен од 109-103. Бекот на ракетите постигна 42 поени, девет скока и седум асистенции. Хјустон се искачи на осмото место на табелата во западната конфереција со 11 победи и 12 порази.

НБА резултати:
Далас – Атланта 95-98, Феникс – Орландо 107-104, Јута – Њујорк 106-85, Детроит – Мемфис 92-93, Торонто – Сан Антонио 97-94, Минесота – ЛА Лејкерс 123-122 (2 пр), Милвоки – ЛА Клиперс 95-109, Шарлот – Мајами 99-81, Бостон – Чикаго 105-100, Вашингтон – Хјустон 103-109.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top