В сабота, (12.12.2015) Македонската опера и балет на Малата сцена ќе одбележи два јубилеи: 10 години кореографска дејност на м-р Олга Панго и 10 години на сцената на нејзината балетска претстава „Јас Исидора“.
Всушност, јубилејниот настан е предвидено да содржи два дела. Во првиот, ќе ja видиме мултимедијалната изведба „Тука сум“, а во вториот, е познатиот современ балет „Јас Исидора“, приказна за страсната љубов помеѓу познатата балерина Исидора Данкан и рускиот поет Сергеј Есењин.
Учесници во јубилејниот настан се: „Тука сум“ (мултимедијална изведба) Музика: Калиопи Букле и Џингиз Ибрахим , Кореографија и изведба: Олга Панго, Идеја и видео дизајн: Емил Петров, Режија: Наташа Поплавска, Костимограф: Марија Пупучевска.
„Јас Исидора“ (современ балет): либрето, кореографија и режија: Олга Панго, Музика: Калиопи Букле
Сценографија и костимографија: Благој Мицевски, настапуваат: Исидора: Саша Евтимова, Есенин: Васил Зафирчев, „Јас Исидора“-Билјана Пашариковска, Танчерки-Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Марина Анастасовска, Стефан Кочевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.