| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението за дислексија „Ајнштајн“ вториот роденден го посветува на Сашка Робев

Здружението за дислексија „Ајнштајн“, утре, 11 декември, го прославува вториот роденден во кафе-барот „Концепт 37“ (21 часот).

saska robev

– Прославуваме две години постоење и активно подигнување на јавната свест за тоа што претставува дислексијата. Ве очекува добра забава и одлична музика.  Здружението „Ајнштајн“ се реши прославата на својот роденден да ја посвети на прекрасната Александра Робев- Сашка, мајка на две деца, која е тешко болна и за која сите присутни ќе имаат можност да донираат симболична сума преку купони за пијачки, кои ќе се купуваат на самиот влез. Дојдете заедно да го прославиме нашиот роденден и да покажеме колку е големо човечкото срце. Забавата може да има безброј позитивни страни, покажете ја вашата – се вели во соопштението на Здружението за дислексија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top