Некогашната миленичка на Америка, Бритни Спирс, денес на насловните страници најчесто се наоѓа поради својот неуреден изглед или изјавите, кои стануваат предмет на потсмев на социјалните мрежи.
Иако на социјалната мрежа „Инстаграм“ ја следат осум милиони луѓе, таа ни приближно не е популарна колку на почетокот на кариерата.
Од борбата со килограмите, до стегнати стомачни мускули, преку неуспешниот хит со раперката Иги Азел, осцилациите во нејзиниот живот не запираат.
Со последната објава на „Инстаграм“, дефинитивно претендира да влезе во групата на најголемите глупости што некогаш биле кажани.
-Толку сум инспирирана од овој човек. Едноставно обожавам да го гледам. Тој ќе биде првата личност со која ќе разговарам во рајот – напишала таа под фотографијата на Алберт Ајнштајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.