Поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“ годинава ја доби наградата за најдобра поема за 2015 година на Наградниот конкурс „Григор Прличев“ кој традиционално го организира охридскиот Центар за култура. Добитник на наградата е авторот Глигор Стојковски.
Глигор Стојковски (1952) бил новинар во „Нова Македонија“ и „Утрински весник“, главен редник на „Култура“, сега е сопственик на издавачката куќа ВиГ ЗЕНИЦА. Автор е на поетски книги: Починка во чисти честички, Пајак, Очно дно, Студена минута, Зад билката молк, Око заборавено на небото, Порој, Капка оловна вода, Земјата сама ќе се отвори, Ерусалим – богови и војни.
Подготвил и неколку публицистички книги, коавтор со Венко Андоновски на монографијата Зеницата на Македонија.Превел книги од – Давид Албахари, Никола Милошевиќ, Вида Огненовиќ, Александар Тишма, Иван Аралица, Радослав Петковиќ, ЛарсСвендсен, Кнут Хамсун, СигридУндсет, Христо Силјанов, Кирил Кадијски… Добитник на наградите – Кочо Рацин, Нарциса, Браќа Миладиновци…
На конкурсот за најдобра поемабеа пристигнати 12 поеми, а членовите на жирито едногласно констатирале дека наградениот ракопис го задоволува определеното стабилно ниво на поетска посветеност и ерудираност во откривање на можностите на јазикот и на поетиката на жанрот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.