Поранешниот австралиски премиер Тони Абот изјави дека „исламот мора да се реформира и да спроведе своевидна религиозна револуција“.
Во авторски текст во весникот „Њуз корп„ тој пишува дека „исламот се соочува со огромни проблеми“ и притоа му забележува на Западот за своето однесување кон актуелните сотојби, порачувајќи дека треба да се престане со „извинувањето за тоа што ги брани западните вредности“.
Изјавата и коментарите на Абот предизвикаа критики во дел од автралиската политичка јавност.
Лидерот на опозцијата, Бил Шортен смета дека изјавата на доскорешниот премиер е контрапродуктивна.
Актуелниот премиер Малколм Тарнбул порача дека големото мнозинство од муслиманите (во Австралија) се „престрашени од екстремизмот„.
На едно предавање во Перт, тој директно не го спомена Абот и не зборуваше за неговите коментари, но рече дека „сега е многу важно да не се направи грешката, што ја поскауваат терористите„, со третирањето на сите муслимани како одговорни за криминалното однесување на терористите.
Тони Абот во својот напис и самиот е против демонизирањето на муслиманите, но смета дека Западот не може да отфрла дека во исламот постојат сериозни проблеми, како и дека сите култури не се исти.
Абот беше сменет од премиерската функција во средината на септември, со партиски пуч во неговата Либерална партија, што го спроведе тогашниот министер, а сега премиер и лидер на партијата Тарнбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.