| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерките на Црнокрак се убавици(фото)

 црно

Сопругата на Мики Црнокрак иако повеќе не е дел од модните писти, сепак и ден денес воодушевува со својата убавина.

Светлана Црнокрак е една од најубавите жени во Македонија, која во минатото беше еден од најдобрите и најбарани модели во земјата, а денес е посветена мајка и сопруга.

Сепак годините за неа се само бројка, а покрај работните обврски во модното студио, таа наоѓа време и за исполнување на семејните обврски. Така Светлана објави фотографија на Фејсбук со двете ќерки Нина и Моника, за да се пофали дека ја накитиле новогодишната елка.

Од фотографијата можеме да забележиме дека ќерките ја имаат наследено нејзината убавина.

црно2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top