Пензионираниот хрватски тенисер Иван Љубичиќ ќе биде нов член на тренерскиот тим на еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер, соопшти швајцарскиот тенисер преку својот Фејсбук профил.
Федерер ја раскина двегодишната соработка со својот идол Швеѓанецот Стефан Едберг и се одлучи како негов нов соработник и помошник на главниот тренер да биде Иван Љубичиќ.
Љубичиќ во својата 15-годишна професионална кариера од 1998 до 2013 година освои десет АТП турнири, меѓу кои најголем беше Мастерсот во Индијан Велс во 2010 година. Тој е најпочитуваниот тенисер во историјата и со право беше претседател на здружението на професионални тенисер. По крајот на играчката кариера изминатите две години беше тренер на Канаѓанецот со српско потекло, Милош Раониќ, кој во тоа време дојде и до полуфиналето на Вимблдон во 2014 година и се проби меѓу четворицата најдобри тенисери во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.